Времето во Македонија претпладнево ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне, особено во планинските региони, ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од девет до 19 степени, дневната температура од 18 до 30 степени, додека УВ индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје претпладне сончево со умерена променлива облачност, а попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе достигне до 15 степени, а дневната температура до 29 степени.