НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид биланс: Нови 136 заболени лица, осум починати пациенти и 43 излекувани

0
By Нова ТВ on June 24, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нови 136 заболени лица, осум починати и 46 излекувани е ковид билансот во земјата за последните 24 часа, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Во изминатото деноноќие, според МЗ, се направени 1.208 тестирања кои дадоа позитивни резултати за 80 лица во Скопје, за 24 во Тетово, за шест во Куманово, за пет во Охрид, по четири во Гостивар и во Ресен, по три во Велес и во Прилеп и по едно во Штип, во Струга, во Струмица, во Крива Паланка, во Кочани, во Кичево и во Неготино.

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска регистрира 43 оздравени пациенти и тоа во Скопје – 26, во Штип – 1, во Прилеп – 1, во Тетово – 6, во Велес – 4, во Гостивар – 2, во Кочани – 1, во Пробиштип – 1 и во Кратово – 1. Починати се осум лица – по двајца пациенти од Скопје, од Куманово и од Тетово и по еден од Велес и од Кичево.

Во текот на вчерашниот ден, веднаш по приемот, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 57 годишен пациент од Велес. Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје – пациент на возраст од 56 години кој бил примен на 11 јуни и пациентка на возраст од 68 години која била хоспитализирана на 13 јуни.

Починаа две лица од Куманово – пациентка на возраст од 47 години примена на 12 јуни и пациентка на возраст од 59 години, примена на 14 јуни. Починаа две лица од Тетово – пациент на возраст од 78 години примен вчера и пациентка на возраст од 47 години, хоспитализирана на 22 јуни. Во Општата болнива во Битола почина пациент од Кичево на возраст од 61 година, хоспитализиран на 21 јуни.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.445, бројката на оздравени пациенти е 2.091, на починати е 259, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 3.095. Дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје – 2.667, активни 1.785
Куманово – 709, активни 254
Дебар – 83, активни 31
Штип – 277, активни 186
Прилеп – 238, активни 19
Тетово – 582, активни 338
Струга – 182, активни 102
Велес – 172, активни 32
Битола – 43, активни 14
Охрид – 124, активни 104
Кавадарци – 11, активни 6
Гостивар – 92, активни 53
Гевгелија – 10, активни 6 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
Струмица – 13, активни 9
Крива Паланка – 12, активни 6
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 6, активни 3
Кочани – 62, активни 27
Пробиштип – 13, активни 9
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 3, активни 1
Пехчево – 5, активни 2
Берово – 2, активни 1
Валандово – 6, активни 4
Виница – 3, активни 0
Делчево – 1, активни 0
Кратово – 4, активни 1
Свети Николе – 17, активни 15
Кичево – 10, активни 6
Ресен – 73, активни 72
Неготино – 20, активни 9 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.208 теста се преку ИЈЗ – 506, преку „Авицена“ – 102, преку „Биотек“ – 108, преку МАНУ – 110, преку Клиниката „Жан Митрев“ (Филип Втори) – 205, преку Судска медицина – 6 и преку „Систина“  со PCR метода – 171. Досега во земјата се направени вкупно 54.456 тестирања на ковид-19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа се примени четворица пациенти, а вкупно се хоспитализирани 93. На кислородна поддршка се 36 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се сместени едно дете и 11 возрасни позитивни на ковид-19.

Во ГОБ „8 септември“ се примени 17 нови пациенти, четворица од нив се трансферирани во болницата во Козле. До утрово вкупно се хоспитализирани се 124 пациенти. На респираторна машина се пет лица.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 32 пациента, а во болницата во Штип се хоспитализирани 23 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, во Охрид, во Велес, во Куманово и во Прилеп се хоспитализирани 75 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

Чаир – 413
Аеродром – 135
Бутел – 136
Гази Баба – 149
Центар – 127
Карпош – 124
Сарај – 141
Кисела Вода – 101
Ѓорче Петров – 83
Студеничани – 89
Шуто Оризари – 72
Арачиново – 49
Илинден – 33
Петровец – 16
Чучер Сандево – 16
Сопиште – 12
Зелениково – 2
Странец – 3
Нераспределен – 3

Дневен биланс Коронавирус Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.