НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Парламентот ја злоупотребил анкетата на „Societas Civilis“

0
By Нова ТВ on January 29, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Институтот за демократија „Societas Civilis“ – Скопје (ИДСЦС) реагира на тоа што Собранието јавно ги соопшти резултатите од последната анкета за работата на Собранието, поточно на прашањата кои се однесуваат на настаните од 24 декември.

ИДСЦС соопштува дека во пресрет на анкетата која традиционално се спроведува на почетокот на годината, добиле барање за воведување на две дополнителни „контролни“ прашања за настаните од 24 декември 2012 година.

„Беше кажано дека резултатите од овие две прашања, кои инаку отстапуваат од воспоставениот прашалник што се користи секоја година, ќе послужат единствено за „интерни потреби“. ИДСЦС имаше методолошки и содржински забелешки за формулацијата на тие две дополнителни прашања.

Сепак, по барање на корисникот, а во согласност од нарачателот, беше прифатено тие да бидат додадени на овогодинешниот прашалник, пред сè во име на претходната коректна соработка, но и џентлменски договор дека деталите околу презентирањето на резултатите од анкетата ќе бидат дополнително договорени“, се наведува во соопштението од ИДСЦС.

ИДСЦС реагира и дека форматот на презентација на резултатите од истражувањето, со последниот брифинг за новинари, отстапува од воспоставената пракса од претходните години, кога се одржуваше јавна прес-конференција во Собранието, со присуство на претставници од ИДСЦС и Вестминстер Фондацијата за Демократија, која финансиски го поддржува истражувањето.

Собранието соопшти дека дури 72 отсто од граѓаните одговориле со „да“ на прашањето „Ако пратениците не го почитуваат редот во Собранието, дали да се отстранат?“ На второто прашање „Дали да се почитува редот и покрај заострените односи?“, позитивно одговориле 94 отсто од анкетираните.

Собранието со експресно појаснување по реакцијата на Институтот за демократија:

„Редовната телефонска анкета за перцепцијата на јавноста за работата на Собранието на Република Македонија беше спроведена на 17 и 18 јануари 2013 година. Анкетата е спроведува во рамките на Меморандумот за соработка меѓу Собранието на Република Македонија и Вестминстерската фондација за демократија од Велика Британија. Анкетата е спроведена од Институтот за демократија “Социетас цивилис” Скопје.

Со оглед дека на крајот на 2012 година, поточно на 24 декември 2012 година и деновите кои претходеа се случија настани кои значително можат да влијаат врз перцепцијата на граѓаните за работата на Собранието, анкетата беше дополнета уште со две прашања поврзани со перцепцијата на настаните од 24 декември 2012 година.

Првото прашање генерално ја испитува перцепцијата на граѓаните за тоа дали треба да се почитува редот во Собранието на Република Македонија без оглед колку се заострени политичките разлики меѓу пратениците. Додека, пак, второто прашање конкретно ја оценува перцепцијата на граѓаните кога има ситуација на непочитување на редот односно дали доколку не се почитува редот во пленарната сала на Собранието, претседателот на Собранието треба да ги отстрани од пленарната сала пратениците кои го попречуваат работењето“ се вели во соопштението до јавноста испратено од Собранието.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

СВЕТ August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде на Милорад Додик мандатот на претседател на…

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.