Дваесет и едногодишниот Е.А. од Скопје синоќа бил приведен од полициски службеници од СВР Скопје, бидејќи при обид за негово легитимирање за неносење на заштитна маска, го навредувал и физички го нападнал полицискиот службеник.
Како што соопшти МВР, инцидентот се случил синоќа околу 22:30 часот во близина на училиште на ул.„Бранко Заревски“ во Скопје. По целосно документирање на случајот против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.