Десет починати лицас, 96 нови случаи и 61 оздравен пациент е ковид билансот во земјата за последните 24 часа, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Од таму потенцираат дека во изминатото деноноќие се направени 724 тестирања кои покажале позитивни резултати кај 24 лица во Скопје и исто толку во Штип, девет во Струга, седум во Тетово, по шест во Куманово и во Охрид, пет во Радовиш, четири во Гостивар, по три во Струмица и во Свети Николе, две во Кочани и по едно лице во Прилеп, во Битола и во Крива Паланка-1.
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска регистрира 61 оздравен пациент и тоа од Скопје – 27, од Куманово – 16, од Прилеп – 4, од Тетово – 4, од Кавадарци – 1, од Гевгелија – 1, од Крива Паланка – 3, од Кратово – 1, од Кичево – 1 и од Ресен – 3.
Починати се десет лица од кои четири пациенти од Скопје, два од Куманово и по еден пациент од Штип, од Тетово, од Гостивар и од Кичево.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 76 години. Во ГОБ „8 септември“ починаа четири лица на возраст од 85 години, од 71 година, односно 53 години, а вирусот е постмортем потврден и кај 48 годишен пациент.
На Клиника за пулмологија почина пациент на возраст од 79 години, на гастроентерохепатологија почина пациент на возраст од 79 години, во болницата во Битола почина пациент од Кичево на возраст од 82 години, во Клиничката Болница во Тетово почина пациент на возраст од 60 години додека на Клиниката „Филип Втори“ почина пациент на возраст од 62 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9249, бројката на оздравени пациенти е 4871, на починати е 432, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3946. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје – 4.297, активни 1.880
Куманово – 912, активни 226
Дебар – 173, активни 111
Штип – 606, активни 300
Прилеп – 312, активни 59
Тетово – 951, активни 299
Струга – 370, активни 188
Велес – 206, активни 30
Битола – 89, активни 44
Охрид – 244, активни 129
Кавадарци – 29, активни 17
Гостивар – 298, активни 196
Гевгелија – 19, активни 8 (*6 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 2 на Богданци)
Струмица – 31, активни 22
Крива Паланка – 23, активни 9
Радовиш – 23, активни 19
Крушево – 13, активни 8
Кочани – 90, активни 22
Пробиштип – 43, активни 27
Демир Хисар – 15, активни 13
Македонски Брод – 9, активни 5
Пехчево – 6, активни 0
Берово – 4, активни 1
Валандово – 6, активни 0
Виница – 5, активни 2
Делчево – 1, активни 0
Кратово – 12, активни 7
Свети Николе – 200, активни 185
Кичево – 100, активни 81
Ресен – 140, активни 56
Неготино – 22, активни 2 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 724 теста се преку ИЈЗ – 444, преу МАНУ – 1, преку Клиниката „Жан Митрев“ (Филип Втори) – 125, преку „Систина“ со PCR метода – 94, преку ЦЈЗ Битола – 16, преку ГАК – 43, лаборатории од странство – 1. Досега во земјата се направени вкупно 86.543 тестирања на Ковид-19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа се примени пет нови пациенти, вкупно се хоспитализирани 91 пациент од кои 43 добиваат кислородна поддршка и нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, шест позитивни деца и две деца и една мајка суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 септември“ се примени пет нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 92 пациент од кои тројца се поставени на респираторна машина.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 36 пациенти, а во болницата во Штип – 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, во Охрид, во Велес, во Куманово, во Прилеп, во Гостивар, во Струмица и во Струга се хоспитализирани 133 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
Чаир – 291
Аеродром – 189
Бутел – 140
Гази Баба – 207
Центар – 162
Карпош – 168
Сарај – 115
Кисела Вода – 148
Ѓорче Петров – 120
Студеничани – 107
Шуто Оризари – 104
Арачиново – 34
Илинден – 22
Петровец – 21
Чучер Сандево – 14
Сопиште – 20
Зелениково – 11
Странец – 7
Нераспределен – 0