Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новинарката Менче Точи наградeна за професионално известување за бегалците

0
By Нова ТВ on July 24, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 24, 2020 14:22

Новинарката Менче Атанасова Точи е добитник на наградата за професионално известување за состојбата со бегалците и лицата без државјанство „Jавен повик за доделување на награди за професионално известување за состојбата на бегалците и лицата без државјанство во Република Северна Македонија за 2019 година“, што ја доделува Македонското здружение на млади правници во соработка со ЗНМ и Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации – УНХЦР.

Наградата и припадна во категорија напис или серија написи за сторијата “Починати бегалци и мигранти во „дупката“ на институционалната негрижа“, објавена на веб порталот НОВАТВ на 19 декември 2019 година.

Сторијата е резултат и еден вид сублимат на серија стории кои во континуитет се работени и објавувани и претходно на истата тема, уште во 2018 година. Тоа е проблемот со бегалците и миграните кои ги губат животите во несреќни случаи додека поминуваат низ нашата држава, а нивните тела со месеци стојат во капелата на АД Бутел, поради некоординираност на иституциите.

И додека нивните предмети стојат во фиоките собирајќи прашина, институциите си ја префрлаат одговорноста едни на други. Згора на се долгото, непотребно, со месеци чување на телата во капелата го плаќа државата со иладници евра, пари на граѓаните.

Ова е многу сериозен проблем во кој активистите за човекови права и невладините организации вложуваат големи напори и се обидуваат да го решат, со години.

Откога НОВАТВ, објави серијал на стории за повеќе вакви случаи кои и претходеа на сторијата „Починатите бегалци и мигранти во „дупката“на институционалната негрижа“, по медиумскиот притисок  кој успевме да го извршиме, на што се надоврзаа и други медиуми кои сериозно ја сфатија тежината на проблемот- обврските на некои од институциите почнаа да се дефинираат и некои од случаите да се решаваат многу побргу.

Се разбира, има уште многу да се направи, да се влијае и понатаму на подигнување на свеста на институциите, на државните службеници во нив, на социјалните служби, обвинители и сите чинители вклучени во овој процес, да реагираат брзо затоа што на крајот цехот го плаќа државата.

Заради ваквите случаи Македонија беше посочена како земја која ги прекршува човековите права.

Во категорија емисија, прилог или краток документарец доделени се две награди: Едната награда припадна  на Ѓорѓи Личовски за прилогот под наслов „Mother Lenche with illegal migrants full edit Georgi Licovski North Macedonia “, објавен во агенција EFE,другата наградаприпадна на Еви Шкопи за прилогот под наслов „90 годишната Сафије Пајазити е една од многуте лица кои немаат лични исправи “, објавен на ТВ АлсатМ.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.