НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ким: Правосудните реформи во Албанија нема да бидат лесни, но се неопходни

0
By Нова ТВ on July 25, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Откако со нејзино посредство партиите во Албанија ја договорија и веќе ја изгласаа изборната реформа, американската амбасадорка Јури Ким, денеска порача дека треба да се заокружат правосудните реформи, што „нема да бидат лесни, но се неопходни“.

Во објавата на Твитер, амбасадорката Ким вели дека некои сонуваат дека Националното биро за истраги (БКХ) т.н. албански ФБИ, никогаш да не се воспостави и се надеваат дека правдата никогаш нема да се оствари, но тоа нема да се случи.

„Се чини дека некои сонуваат дека БКХ (Националното биро за истраги) никогаш нема да се воспостави и се надеваат дека правдата никогаш нема да дојде. Жал ми е што ве разбудив од вашиот вашиот сон, но тој ваш сон нема да се оствари. Правосудната реформа нема да биде лесна, брза или совршена, но неопходна е и ние мора да одиме напред, напиша амбасадорката Ким.

Изјавата на амбасадорката доаѓа откако опозициската Демократска партија ја обвини заменик-генералната директорка на полицијата Аида Хајнај, која се кандидира за функцијата прв човек на Бирото, дека е вмешана во еден од најголемите скандали на државната полиција, ослободување на Насер Гаши барано лице за трговија со дрога.

Националното истражно биро е единствената институција за реформи во албанскиот правосуден систем која се уште не е формирана.

Во трката за шеф на оваа инситуција има четворица кандидати, а кој ќе биде избран треба да се знае следната недела. Неговото име ќе го соопшти албанското специјално обвинителство (СПАК) кое во изминатите осум месеци вршеше верификација на сите пријавени кандидати и во најтесен избор се четворица. По предлогот на СПАК последниот збор ќе го има Високиот совет за правда.

По назначувањето на директорот на БКХ, СПАК ќе го започне процесот за избор на 60 агенти на оваа структура,која е идентична со американското ФБИ. Поради тоа раководството и агентите на БКХ ќе бидат на обука три месеци во акамедијата на ФБИ во Вирџинија.

Албанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

ВЕСТИ August 12, 2025

Украинските Вооружени сили го задржуваат непријателот на првата борбена линија – особено во правецот кон…

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Хелсинки: Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.