Филип Сејмур Хофман, кој почина на 2.февруари на 46-годишна возраст, остави зад себе големи улоги исполнети со впечатливост; антагонизам, херојство.
За него филмските критичари велат бил потценет актер, кој допрва ќе покажел какви капацитети и способности поседува.
Ова се 15 забележителни улоги на Хофман:
1. Труман Капоте „Capote“ (2005)
За оваа улога, Хофман го доби престижниот Оскар за неговиот перформанс како авторот Труман Капоте, чии релации со обвинетиот убиец Пери Смит, го инспирира да ја напише книгата „Ладнокрвно“.
2. Ланкастер Дод „The Master“ (2012)
Петтата и последна соработка со Пол Томас Андерсон, го содржи еден од најмоќните перформанси. Во улогата на култниот лидер Ланкастер Дод, Сејмур Хофман собра армија обожаватели.
3. Скоти Џеј „Boogie Nights“ (1997)
Во овој филм, Хофман го глуми Скоти Џеј, еден од најимпрсивните ликови во филмот на Пол Томас Андерсон.
4. Гас Авракотос, „Charlie Wilson’s War“ (2007)
Сејмур Хофман играше со Том Хенкс и Џулиа Робертс во филмот на Мајк Николс, како агент на ЦИА кој заедно со Чарли Вилсон (Том Хенкс) формираат програма за поддршка на авганистанските муџахидини за време на советската војна во Авганистан. За разлика од Хофман, ниту Хенкс, ниту Робертс не добија номинации за Оскар.
5. Арт Хауви „Moneyball“ (2011)
Втората соработка со режисерот Бенет Милер по „Капоте“, ја носи улогата на Хауви за Сејмур Хофман. Се работи за тренерот на Оукланд Атлетикс кој не е фан на радикалниот нов метод на скаутирање и анализирање играчи.
6. Фил Парма „Magnolia“ (1999)
Еден од најголемите „ангели чувари“ во историјата на кинематографијата е дефинитивно Фил Парма, болничар во филмот под режија на Пол Томас Андерсон.
7. Плутарх Хевнсби „The Hunger Games: Catching Fire“ (2013)
Се работи за една од последните улоги на платно на починатиот актер. Хевнсби е соработник и доверливо лице на корумпираниот претседател Сноу (Доналд Сатерленд). Компанијата „Lionsgate“ соопшти дека Сејмур Хофман ги завршил речиси сите сцени за продолжението на филмот.
8. Фреди Мајлс, „The Talented Mr. Ripley“ (1999)
Филип Сејмур Хофман во овој филм со Мет Дејмон, Џуд Ло, Гвинет Платроу, и Кејт Бланшет, ја игра улогата на богатиот и познат Фреди Мајлс.
9. Џејкоб Елински „25th Hour“ (2002)
Хофман внесува меланхолија во улогата на англискиот наставник Џејкоб Елински. Во овој филм игра заедно со Едвард Нортон, Бери Пепер и Рејчел Досон.
10. Лестер Бенгс „Almost Famous“ (2000)
Сејмур Хофман болен работел на овој филм. Во овој филм на Камерон Кроу, Хофман игра игра заедно со Били Крадап и со Кејт Хадсон.
Помеѓу останатите улоги на оскаровецот Филип Сејмур Хофман кои заслужуваат да бидат спомнати се и Енди Хенсон „Before the Devil Knows You’re Dead“ (2007), Дин Трамбел „Punch-Drunk Love“ (2002), Џон Севиџ „The Savages“ (2007), Овен Дејвиан „Mission: Impossible III“ (2006) и Сенди Лајл „Along Came Polly“ (2004).