Нестабилното време со сончеви периоди, пороен дожд и грмежи, ќе продолжи до крајот на неделава, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во наредните денови ќе преовладува сончево и потопло време со услови за појава на изолирана нестабилност претежно во планинските предели. За време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Минималната температура ќе се спушти до 11 степени, а максималната ќе достигне 36 степени.