НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали македонските ученици ќе го добијат најдобриот модел?

0
By Нова ТВ on August 12, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не стивнуваат прашањата и реакциите околу начинот на кој ќе се одвива наставата во учебната 2020/21 година во земјава. Владата на вчерашната седница ја усвои информацијата со План за одржување на наставата во училиштата во учебната 2020/21 година на Министерството за образование и наука (МОН) и донесе заклучок таа да биде споделена со Комисијата за заразни болести. Потоа врз основа на мислењето на Комисијата ќе биде донесена одлука за моделот на наставниот процес во основните и средните училишта. Министерот за здравство, Венко Филипче, вчера обелодени дека ставот на Комисијата за заразни болести е наставата да почне онлајн, освен во првите одделенија во кои е неопходно физичко присуство на децата.

„Стравувавме во оваа ситуација за наесен, кога не знаеме што може да нè чека и со што се соочуваме, дека ќе биде многу ризично да дозволиме децата да се вратат без никакво ограничување во затворена просторија“, изјави Филипче.

Тој потенцира дека треба да се имаат предвид и ризиците за време на транспортот од и до училиштата, комуникацијата на децата за време на одморите, на влез во училиштето, во заедничките простории и ходниците.

Хибриден модел во Србија

Во соседните земји кои, исто така, имаат високи биланси на заразени од Ковид-19, но и страв од есенски трет бран, ги финализираат плановиte што се сосема различни од најавениот потенцијален модел во земјава. На пример, соседна Србија планира хибриден модел – еден ден да се оди на училиште, следниот ден онлајн настава, а соседна Бугарија планира настава исклучиво во училиште, а онлајн – само по исклучок.

Српскиот министер за образование, Младен Шарчевиќ, најави дека еден од моделите е часовите за учениците од прво до четврто одделение да се одвиваат во училиштата со сите заштитни мерки, а одделенијата да се поделат на 15 ученици. Часовите ќе траат 30 минути, учениците од прво до четврто одделение ќе имаат по четири часа дневно, а по секој блок на часови училниците ќе се дезинфицираат. Учениците од повисоките одделенија ќе одат на настава од 14 часот попладне. Петтите, шестите и седмите одделение ќе имаат по пет часа во септември, а осмите – шест часа. Распоредот ќе се модифицира врз основа на неделни извештаи и искуства.

Заменик директорката на Институтот за јавно здравје на Србија, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, изјави дека основно е учениците и вработените во училиштето да доаѓаат ако немаат знаци на респираторна инфекција. До влегувањето во училиште сите треба да носат маска, може да ја симнат за време на наставата, а повторно да ја стават за време на одморите и движењето низ ходниците. Нема да има кабинетска настава, учениците нема да ја менуваат училницата. Ако кај кадарот во некој случај се појават симптоми, наставникот треба да ја прекине наставата. Ако се јават симптоми кај децата, тие треба да се обратат на наставникот, да одат во просторија за изолација и да бидат повикани родителите. Во Србија е предвиден и модел на целосна онлајн настава, но само за оние ученици кои од разни причини не ќе можат да следат настава во училиште.

Бугарија со настава во училиште

Бугарското министерство за образование и наука не ја избра хибридната опција во која наставата ротира – дел во училиште, дел онлајн, бидејќи е оценето дека тој модел е покомпликуван за наставниците. Но, секое училиште мора да има развиено и акциски план за настава од далечина („стратегија за префрлување“). Тоа значи дека е можно само привремено префрлување на онлајн настава, само ако во одделението или во училиштето е откриен случај на инфекција со коронавирус и тој вид настава ќе трае привремено, додека да заврши карантинот.

Учениците ќе влегуваат низ различни влезови, а со цел што помалку да се сретнуваат во ходниците и да се групираат за време на одморот, за сите наставата ќе почнува во различно време. На пример, за прво одделение во 7:45 часот, а 15 минути подоцна ќе започне часот за второ одделение. Истото ќе важи и за повисоките одделенија, со што часовите и одморот ќе се одвиваат во различно време и ќе се избегне можноста да се сретнуваат во ходниците.

Ќе има редовна дезинфекција на училниците и ходниците, известување на родители во случај на инфекција во училиштето, правила на дејствување кон ученик што пројавил симптоми, како и петминутен утрински разговор поврзан со коронавирусот – ќе се зборува за потребата и придобивките од дезинфекција, а внимание ќе се посвети на проблемите и емоциите на учениците во време на корона-криза.

Температура ќе се мери само на учениците кои покажуваат симптоми. Меѓу препорачаните мерки од Министерството за образование се обезбедувањето на еднострани патеки по ходниците, одвојување на одделни места за рекреација, носење маски за време на движење во ходниците. Секое училиште само ќе решава дали ќе организира родителски средби во училиштето или на дистанца. Ако се јави потреба од ПЦР тестови за ученици и наставници, тие ќе бидат бесплатни. Ако индивидуално ученик мора да отсуствува, на пример поради скршеница на ногата, тој исто така ќе може да учи од дома преку виртуелна училница, додека наставникот предава во вистинска училница. Ќе бидат обезбедени и дополнителни можности за совладување на пропуштен материјал во случај на акумулиран број отсуства.

Бугарското министерството за образование размислува да формира и „банка“ со резервни наставници на окружно и национално ниво, што би вклучувало дури и студенти, доколку се појави потреба од помош за образовниот систем, односно потреба од замена на болните наставници. Последните насоки на Европскиот центар за превенција и контрола на болестите гласи дека учениците и наставниот кадар кои ќе поминат повеќе од 15 минути во училница со потврден случај на Ковид-19, треба да поминат двонеделен карантин. Во училишна средина таквиот контакт се смета за „близок“ и со висок ризик од заразување.

Бугарија Комисија за заразни болести Македонија Модели МОН Настава онлајн Србија учебна година Училница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.