НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предлог: Учениците до трето одделение во училиште, останатите од дома

0
By Нова ТВ on August 14, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Учебната година да почне онлајн со два исклучока – првиот е за учениците од прво до трето одделение кои би следеле настава со физичко присуство, земајќи го предвид социоемоционалниот аспект и нивната возраст, а вториот исклучок се однесува за училиштата со мал број на ученици по паралелки да организираат настава со присуство во училниците во зависност од епидемиолошката состојба. Ова е конечен предлог на Комисијата за заразни болести за моделот на настава за претстојната учебна година и испратен е на разгледување и одлучување до владата.

Заменик-министерката за образование и наука Елизабета Наумовска претпладнево за МИА изјави дека Координативниот кризен штаб од МОН побарал да ги приспособи протоколите за моделите на настава врз основа на предлогот на Комисијата и да достави податоци колку има училиштата со помал број ученици кои би организирале настава со физичко присуство, во кои општини се наоѓаат, нивните просторни услови, итн. Наумовска рече дека работните групи на МОН се во комуникација со Штабот и откако протоколите ќе се усогласат со предлогот од Комисијата, тој ќе биде ставен на дневен ред на седница на Владата, веројатно идната недела.

Министерот Арбер Адеми, кој е на став дека училиштата треба да бидат отворени секаде каде што состојбата со вирусот е стабилна, смета дека предлогот на Комисијата за заразни болести е компромис на две различни гледишта – ставот на МОН за физичко присуство и ставот на здравствените авторитети за онлајн-настава. Според него, предлогот на Комисијата е добра насока за изнаоѓање најсоодветен модел за настава.

Трите модели што ги содржи Планот на МОН се: настава со физичко присуство со мерки за заштита – маски и растојание од најмалку 1,5 метар помеѓу учениците во училница, далечинско учење или онлајн-настава, и комбинирана настава, пред сè, за училиштата со голем број ученици. Комбинираниот модел предвидува учениците да бидат поделени на помали групи – една група која би следела настава со физичко присуството една недела, а во исто време другата група ученици, како и хроничко болните, би го следела часот онлајн. Ако е невозможно во реално време, тогаш лекциите од денот ќе се снимаат и ќе се споделат со таа група ученици преку платформа за учење.

Подготвените предлог-протоколи имаат конкретни упатства за различни ситуации и услови, за бројот на ученици во паралелка, скратување на наставните часови (предлогот е од 40 на 30 минути во основно, односно од 45 на 35 минути во средно), итн.

На прес-конференција пред два дена Адеми укажа дека е можно одложување на почетокот на учебната година затоа што кој модел и да се избере, ќе треба да се направат измени на законите за основно и за средно образование, а за тоа е потребно функционално Собрание.

Комисија за заразни болести Модел МОН Настава предлог учебна година
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.