Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шекеринска: Членството во НАТО ја помести државата напред и нè направи горди

0
By Нова ТВ on August 18, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 18, 2020 11:45

Долг пат минавме од местото каде што почнавме пред три години. Станавме 30 членка на Алијансата и дел од најмоќниот воено-политички сојуз. Се опкруживме со сојузници кои ги споделуваат нашите вредности. Нашето знаме гордо беше подигнато и се развиори пред седиштето на НАТО во Брисел. Но, најважно од сè, заедно со подигањето на нашето знаме, се подигна и нашата гордост и главата на сите граѓани.

Ова денеска во Скопје по повод одбележувањето на Денот на Армијата (18 август) го истакна министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

„Нашето знаме беше гордо подигнато и се развиори пред седиштето на НАТО во Брисел, пред сојузничката команда за операции во Монс, пред сојузничката команда во Норфолк, како и во сите останати команди на НАТО Алијансата. Од зборови и надежи направивме резултат. Од прослави на кои НАТО знамето беше пример и симбол на нашите желби дојдовме во ситуација да го прославуваме денот на Армијата и знамето на НАТО да биде дел и симбол на нашата припадост и успех“, рече Шекеринска.

Таа додаде дека нашите интереси се нашите вредности. Тие, како што појасни, ни се заеднички: демократија, индивидуални слободи и владеење на право. Шекеринска потенцира дека членство во НАТО нè исправа пред нова одговорност, не само во земјава туку и во светот, однсоно одговорност да бидеме таму каде што треба, рамо до рамо со нашите сојузници. – Да ги исполнуваме целите на НАТО за мир, за демократија и за соработка. Да помагаме на послабите, да учиме од помоќните и од поразвиените, додаде Шекеринска.

„Ова не беше ниту едноставно ниту лесно. Како човек и граѓанин ме порази тоа што го видов и во Министерството за одбрана и во многу други важни ресори за НАТО Алијанса првпат кога бев избрана. Буџет под секое ниво, дотраена опрема, немотивирачка атмосфера, ниски и немотивирачки плати. Одземени дневници, нерамноправен третман, лоши услови за пензионирање. Пред себе видов неколку скалила кои требаше да ги искачиме пред да ја отклучиме вратата во НАТО. И почнавме скала по скала“, рече таа.

Првото скалило, како што рече, беше зголемениот буџет, веќе два пати, второ скалило беше стратешкиот одбранбен преглед, третото се платите во Армијата за кои додаде дека во некои делови се дури и двојно зголемени. Четвртото скалило беше новата лична опрема, петтото се нови инженериски машини, следно скалило, појасни Шекеринска, беше договорот потпишан со САД за набавка на нови оклопни возила, а потоа реновирањето на касарните.

„Само во моментот се реновираат пет објекти. Осмото скалило беше носење на нов закон за одбрана и закон за служба, закони кои нема да ги дискриминираат, туку ќе ги поддржат припадниците на Армијата. Деветото скалило беше формирање на лесна пешадиска борбена група која ја деклариравме како единица за НАТО и качувајќи ги тие скалила успеавме да се искачиме до нашата цел, членство во НАТО“, истакна министерката за одбрана.

Шекеринска им порача на сите припадници на Армијата, и поранешни и сегашни, да бидат горди, затоа што како што рече, во пишувањето на влезницата за НАТО тие имале огромна улога.

„Нашата должност ја покажуваме и кон втората цел, членството во ЕУ. Со нашата прва иницијатива за учество во втора ЕУ мисија, продолжуваме да бидеме присутни и во БиХ и во Либан. За десетина дена го почнуваме мандатот на земја домаќин на бригадата на југоисточна Европа, една од највидливите регионални иницијативи. Следните шест години Куманово ќе биде центарот на СЕЕБРИГ. Триесетина офицери од земјите членки на СЕЕБРИГ заедно со нивните семејства ќе престојуваат во нашата земја и директно ќе помежеме да разменуваме знаења и искуства“, истакна Шекеринска.

Ковид кризата, според неа, покажа и колкава е блискоста меѓу нашите војници, Армијата и граѓаните. Потенцира дека членки на НАТО први ни притекнале на помош за време на пандемијата.

„Бевме секаде каде што имаше потреба од Армијата. Во загрозените подрачја, пред карантините, вршевме транспорт, го чувавме редот, ја обезбедувавме границата и помагавме на полицијата дојдовме во поткрепа и на здравствените работници. И затоа добивме награда за оваа посветеност кон својот народ. Истражувањата покажуваат дека Армија ужива голема доверба кај граѓаните“, додаде Шекеринска.

18 август АРМ Ден на Армијата Радмила Шеќеринска роденден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.