Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Опаѓа бројот на нови позитивни лица на Ковид-19 во однос на минатите недели

0
By Нова ТВ on August 19, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: javno.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 19, 2020 10:35
Министерството за здравство (МЗ) информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), од 10 до 16 август се направени вкупно 11.605 тестирања на Ковид-19, што е за 2.062 или 17,8 отсто повеќе во споредба со претходната недела.
Од направените 11.605 тестирања, новозаболени со вирусот се 902 лица односно 7,8 отсто. Тоа, како што наведуваат од МЗ, покажува тренд на континуирано намалување во однос на претходните недели кога се движеше од 10, па 9,4 и 8,6 отсто.
Скопје и натаму е лидер по бројот на регистрирани случаи (251 или 27,8 отсто) и Куманово (125 или 13,6 отсто). Во 18 градови во земјава, во наведениот период бројот на новопотврдени случаи е под 20.
Во однос на старосната структура, регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. И во овој период, најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 206 (22,8 отсто) позитивни. Голем број заболени се регистрирани и кај лицата на возраст од 30 до 39 години (163 или 18,1 отсто) и од 50 до 59 години (162 или 18,0%). Најмал број е регистриран кај децата до 9 годишна возраст (26 или 2,9 отсто) и од 10 до 19 години (49 или 5,4 отсто).
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (858 или 95,1 отсто), регистрирани се 87 (10,1 отсто) хоспитализирани лица, а кај 244 (28,4 отсто) е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на нови случаи, 303 (35,3 отсто) имале контакт со потврден случај, а 27 лица биле на патување во последните 14 дена.
Во споменатиот период, по добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 1.067 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 29 повеќе во споредба со претходната недела.
Регистрирани се 17 смртни случаи од девет градови, што е намалување од 32 отсто во однос на минатата недела. Најголем дел од случаите биле на возраст над 60 години (девет односно 52,9 отсто). Од починатите, 16 биле хоспитализирани, а еден починал во вонболнички услови. Коморбидитети се регистрирани кај 11 починати лица.
Деталните извештаи на Институтот за јавно здравје за состојбата со КОВИД-19  за периодот од 10 до 16 август 2020, како и за кумулативна состојба со вирусот во земјава се достапни на веб-страницата на Институтот (http://iph.mk).
Институт за јавно здравје Ковид-19 Министерство за здравство неделен извештај
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.