НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО Скопје со обвинение за сите 13 осомничени лица во случајот „Моќник“ меѓу кои и Милошоски

0
By Нова ТВ on August 24, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против три лица и Обвинителен предлог против 10 лица кои биле инволвирани во продажбата на објект во с. Ижишта, Општина Македонски Брод што го користела општина Пласница.

По предметот, во јавноста познат како „Моќник“, пред неговото преземање од Основното јавно обвинителство Скопје, постапуваше Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од соджината на незаконското следење на комуникациите.

„Со Обвинителниот акт, прво и второобвинетиот се товарат дека сториле едно кривично дело – Измама од член 247 став 4 во врска со став 1 во врска со член 22, третообвинетиот дека сторил едно кривично дело – Измама од член 247 став 4 во врска со став 1 во врска со член 22 и едно кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 во врска со член 23 од Кривичниот законик“, се вели во соопштението на Основното јавно обвинителство Скопје.

Десетте лица опфатени со Обвинителниот предлог се товарат дека сториле едно кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Истрагата во случајот „Моќник“ се водеше против 13 лица, а сомнежот се однесува на сторена штета од околу 50.000 евра. Во случајот, меѓу другите, се осомничени тогашен пратеник, неговиот татко и градоначалникот на општината Македонски Брод.

Второосомничениот, односно таткото на пратеникот, побарал да го купи задружниот дом во с. Ижиште, во општина Македонски Брод за да отвори сопствен бизнис, по што градоначалникот на Македонски Брод на советот на општината му предложил да се продаде објектот, иако знаел дека всушност се продава зградата во која е сместена администрацијата и градоначалникот на општина Пласница.

Огласот, како што истакна обвинителката Фатиме Фетаи, не бил објавен во „Службен весник“, па како понудувач се јавил само таткото на пратеникот, кој го знаел датумот и го купил објектот за 1.795.800 милиони денари, односно само 670 денари повеќе од почетната цена.

Со анекс го купил и земјиштето за 100 денари по квадратен метар, иако таму цената била по 400 денари за квадратен метар.

Пратеникот знаејќи дека градоначалникот на Пласница има близок судија во Кичево, како претседател на собраниската Комисија за надворешна политика, побарал листрација на судијата. Лустрациска, според СЈО, донела нарачана одлука и го лустрирала, а судијата најпрво бил времено оддалечен од функцијата, а потоа Судскиот совет и трајно му ја одзел функцијата.

Меѓу осомничените во оваа истрага има и членови на Комисијата за лустрација.

обвинение ОЈО Скопје Случај „Моќник“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.