Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Премиерот на кантонот Сараево поднесе оставка

0
By Нова ТВ on February 8, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 8, 2014 18:30

На денешниот состанок на Кантоналниот одбор на Партијата за демократска акција, на која се разгледувала состојбата во Кантонот Сараево, премиерот во овој кантон Суад Зељковиќ информирал дека поднел оставка.

Претходно босанските медиуми јавија дека Зељковиќ на новинарка од телевизијата „Хајат“ и’ упатува вулгарни зборови додека таа преку телефон го прашува дали може да и’ даде изјава. Откако добива негативен одговор, таа го прашува премиерот дали можеби ќе даде оставка, по што на снимката се слуша пцовка.

Во меѓувреме, демонстантите во Сараево и денеска го блокираа сообраќајот и извикуваа: „Пуштете ги децата од затвор“, „Сакаме оставки“, „Излезете на улица“, „Сараево на нозе“. Демонстрантите извикуваа дека протестите се мирни и ќе продолжат се’ додека премиерот на владата на Кнтонот Сараево, Суад Зељковиќ, не си поднесе оставка. Додека тие протестираа, пред зградата на Претседателството на БиХ во Сараево се наоѓаа неколкумина полицајци.
Каменувана куќата на побегнатиот премиер

Протест пред кантоналната влада во Бихаќ имаше и денеска. Демонстрантите таму ги дочекаа полициски кордони. Демонстрантите извикуваа: „Крадци“ и „Сакаме оставки“ и ги каменуваа полицајците. Тамошните медиуми јавуваат дека во Бихаќ пристигнуваат граѓани од другите градови во Унско-санскиот кантон.

Полицијата таму запленила одреден број подготвени молотови коктели. Голем број од демонстрантите се упатија кон куќата на кантоналниот премиер Хамдија Липовача, кој вчера одби да поднесе оставка. Медиумите јавија дека синоќа тој со семејствово ја напуштил БиХ и заминал во Хрватска. Бидејќи полицајците се обидоа да ги спречат демонстрантите да се доближат до куќата на премиерот Липовача, тие почнаа да фрлаат со камења кон полицајците. Притоа дојде и до судир меѓу полицајците и демонстрантите. Агенциите јавуваат дека во тој судир има повеќе повредени лица. Демонстрантите се повлекоа откако ја каменуваа куќата на премиерот Липовача.

ИЗВОР: Дојче Веле

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

ВЕСТИ June 24, 2026

Сенатот на САД вчера изгласа резолуција, со која се бара од претседателот Доналд Трамп да…

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.