НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Стале Попов“ за Димковска и „Ацо Шопов“ за Ацевска

0
By on January 31, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Наградите ги доделува Друштвото на писателите на Македонија, кое минатата недела ги соопшти и имињата на добитниците на другите две годишни награди за 2012. – „Димитар Митрев“ за критика и есеи за Иван Ивановски, a наградата „Ванчо Николески“ за литература за деца му припадна на Панде Манојлов.
На конкурсот за наградата „Ацо Шопов“ пристигнале 17 поетски книги од 16 автори, а покрај наградената во потесен избор биле уште четири книги поезија – книгите на Ефтим Клетников, Иван Џепаровски, Василе Димески и Јовица Тасевски Етернијан.
– Ритуалниот поетски од на Весна Ацевска ја открива оваа поезија во нејзината свртеност кон она што е вон и она што е во себе, како интелектуално, лирско и универзално созвучје… Оваа лирика на Весна Ацевска навлегува во поетската суштина и на нашиот голем поет Ацо Шопов, кој со своето неодминливо творештво зацрта патишта и откри сознанија кои ја збогатуваат творечката мисла на македонските поети, истакна Гордана Михаилова-Бошнаковска, претседателка на жирито за наградата „Ацо
-Наградата ја доживувам како празнување и негување на длабоката поврзаност на лирските дела на нашите македонски современици и претходници, достојно симболизирана преку името и делото на нашиот исклучителен лиричар од првата генерација современи македонски поети, Ацо Шопов. Неа ја доживувам и како поттик и повик за негување на лирскиот пев со високи вредности, рече Ацевска.
Претседателката на жирито за наградата за најдобро прозно дело Анастасија Ѓурчинова во образложението истакна дека романот на Лидија Димковска „Резервен живот“ се издвоил „со оригиналноста на темата и успешноста во нејзиниот третман, донесувајќи една необична и силна нарација, со суптилни лирски пасажи, но и продлабочен психолошки засек во материјата“.
– Романот ги поставува проблемите на „различноста“ и „другоста“ со сета деликатност во нивното прифаќање или одбивање од страна на средината, нудејќи ја темата на близнакот како можна метафора за двојството на човековата природа, рече Ѓурчинова.
Од 17 пристигнати прозни книги (романи и збирки раскази) во потесен избор влегле и „Историја на луѓето кои умреа од страв“ од Ермис Лафазановски и „Зад аголот“ од Томислав Османли.
Во отсуство на наградената Димковска беше прочитана нејзината изјава во која вели дека е почестена што вторпат ја добива наградата „Стале Попов“ која и беше доделена и во 2005 година за книгата „Скриена камера“.
– Се прашувам да не е ова итарпејовска шега? Затоа што ретко се случува еден ист автор, односно што е поважно авторка, и тоа замината од Македонија, уште во првата половина од животот да ја добие двапати истата награда… Мојата најинтимна благодарност му ја упатувам на оној од кого сите учевме и да читаме и да пишуваме, незаменливиот Стале Попов, истакнува Димовска, која живее во Словенија.
Четирите награди на лауреатите ќе им бидат врачени на 13 февруари, кога македонската писателска асоцијација го одбележува денот на своето основање.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.