НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заедничка помош: Работниците донираат во Социјален центар „Дуња“

0
By НОВА ТВ on April 17, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И покрај врнежливото време, во Социјалниот центар „Дуња“ група граѓани успешно собраа донации во храна, средства за хигиена и парични средства за социјално и економски загрозени семејства и граѓани. С.Ц. „Дуња“ беше основан во 2016тата година и е именуван по политички прогресивната борка за слобода Невена Георгиева – Дуња, е простор отворен за заедницата каде се одржуваат различни видови на културни, социјални и политички настани. С.Ц. Дуња се наоѓа на адресата Рајко Жинзифов бр.22. веднаш позади автобуската постојка спроти Градежниот факултет.

Колективот С.Ц. „Дуња“ го вели следното околу оваа акција за заедничка помош како и акциите кои тие ги спровеле во 2020тата година:

 

Невработеноста е во пораст. Поскапуваат основните прехранбени производи. Голем број на работници се втурнати во бездната на сиромаштијата, не можејќи да ги покријат основните трошоци за живот.

Поради овие причини на 17.04.2021 со почеток од 13 до 15 часот во СЦ „Дуња“ ќе се реализира втората донаторска акција за 2021 година за помош на погодените од економската криза. На акцијата ќе се собираат донации во храна, средства за хигиена и парични средства (кои ќе бидат искористени во целост за докупување на храна и средства за хигиена).

За време на 2020 година во СЦ „Дуња“ имаше вкупно четири хуманитарни и еден антиконзумеристички настан. Впрочем сѐ започна за време на антиконзумеристичкиот настан на кој што се разменуваа претежно облека и книги. На тој настан дојдоа и луѓе кои помислиле дека се работи за хуманитарен настан, така што едните донираа, а другите дојдоа за да добијат некоја донација. За многу кратко време беше прогласена пандемијата со КОВИД-19, која што дополнително втурна многу луѓе и цели семејства во длабока сиромаштија. Ние како општествено свесни лица и борци против капитализмот, се најдовме повикани да помогнеме на оние кои имаа потреба – велат од Колективот на СЦ „Дуња“.

Почнувајќи од април, па сѐ до крајот на декември беа организирани четири хуманитарни акции. На овие акции се собираа облека, храна, средства за хигиена, училишен прибор и останата покуќнина. На последната акција која се одржа непосредно пред нова година, се собраа и донираа новогодишни пакетчиња за деца.

„Не можеме со сигурност да зборуваме за тоа  колку количински сме собрале од донациите, но можеме да кажеме дека помогнавме на околу стотина семејства,“ изјавува Колективот на СЦ „Дуња“.

Важно е да се напомене дека ние не сме хуманитарна организација, туку борци против овој неправеден систем. Нашата првична битка е битката против капитализмот, неговото уривање и градење на подобар и похуман свет. Но, честопати нашата борба ја насочуваме и преку вакви акции преку кои што директно помагаме на определени категории на луѓе. Овие акции имаат две главни цели и тоа, првата: да помогнеме на оние кои имаат потреба, и втората: да ги сочуваме вредностите како што се солидарноста и емпатијата и преку овие вредности да мобилизираме што повеќе млади луѓе – појаснуваат од „Дуња“.

Борбата за достоинствен живот на работниците вклучува и солидарност со оние кои имаат потреба во овие тешки моменти.

Општо гледано акциите беа успешни, бидејќи собравме доволно средства, особено облека. Но, вистински успех според нас е кога ќе се избориме за општество во кое нема да има потреба да постојат хуманитарни акции и настани.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.