СДСМ ги обвини пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека не се откажуваат од блокада на законот со кој државата ќе добие нов, модерен Клинички центар по цели 80 години.
-Наместо да застане зад граѓаните, зад јавното здравство, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски, продолжената рака на Груевски, со лаги, конструкции и преку парцијални документи го саботира овој закон и создава конфузија во јавноста. Сето тоа на штета на здравствениот систем и граѓаните, тврдат од СДСМ.
Според нив, со предлог законот се предвидува изградба на нов, современ и функционален универзитетски клинички центар во Скопје кој ќе гарантира висококвалитетни здравствени услуги на населението во целата држава во следните неколку децении, а ќе се изгради на површина од 110.000 метри квадратни.
-Наспроти овој проект, ВМРО ДПМНЕ, заглавен во минатото и обремент со долгови кон своите спонзори предлага изградба на само една зграда, на површина која е за само 1/10 од планираната површина за нов Клинички центар.Н а чиј плац ВМРО ДПМНЕ сака да биде изградена зградата која според нив треба да биде нов Клинички центар? Дали можеби тоа е на плацот кој е во сопственот на Самсоненко, бизнис партнерот на нивниот спонзор Орце Камчев? Или пак на уште помалиот плац кој е делумно државно, а делумно приватно земјиште и кој се користи како хелиодром?
Ние нудиме изградба на нов Клинички центар на површина од 110.000, осмислен со брзи и ефикасни сообраќајни решенија, модерни болнички услови кои ги задоволуваат современите стандарди во медицината и потребите на граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ зборува за реновирање на веќе постоечки простор кој одамна е претесен за потребите на нашиот здравствен сиситем, порачуваат од СДСМ, порачувајќи дека на ВМРО-ДПМНЕ личните интереси на Мицкоски и нивниот спонзор им се поважни од здравјето на граѓаните и здравствениот систем.