НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Не можеме да одговориме за аферата Актор затоа што немаме интернет“

0
By Сашка Цветковска on March 10, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Управата за финансиско разузнавање е недостапна за било каков коментар во врска со аферата Актор која ја отвори опозициската СДСМ, а која обвини дека грчката фирма која го доби проектот од Владата за изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица извлекла повеќе од три милиони евра преку сомнителни исплати на грчки државјани, пари кои потоа и биле предавани на сметководителката на компанијата и пари за кои не се знае во чии раце завршиле.

На денешната прес конференција портпаролот на СДСМ Петре Шилегов изјави дека Управата за финансиско разузнавање минатата година отворила случај откако АД Стопанска банка пријавила дека се вршат големи исплати во кеш на грчки државјани од сметката на фирмата која го гради автопатот преку нивната филијала во Неготино. Шилегов додаде дека како што бил отворен, така потоа случајот бил мистериозно затворен.

НОВА се обиде да стапи во контакт со директорот на Управата за финансиско разузнавање, но тој денеска, според одговорите на службениците, „бил на состаноци надвор од кабинетот“.

Службеникот кој разговараше со НОВА рече дека тие не знаеле што се пишува за оваа афера бидејќи „немале интернет“, па не ги прочитале вестите. Не посочија дека „ би било залудно да им праќаме емаил пораки со прашања бидејќи секако немале интернет“.

Исто така, ни потврдија дека десетина новинари од утрово се обидуваат да добијат одговори на овие прашања, но, за жал, освен што немале интернет „поради технички дефект“ и директорот не им бил тука, а само тој можел да одговори, бидејќи, како што велат, „управата имала малку вработени и немале можности да назначат лице за односи со јавноста“.

На денешната прес конференција Шилегов откри дека мајката на директорот на Управата имала стан во истата зграда каде што станови купиле синовите на пратеничката Силвана Бонева, мајката на генералниот секретар на владата Кирил Божиновски, синот на заменик министерот за екологија Соња Лепиткова и министерката за внатрешни работи работи Гордана Јанкуловска.

СДСМ оваа афера ја отвори вчера обвинувајќи дека повеќе од три милиони евра во кеш се извлечени од парите за автопатот во незаконска шема.

-Трансакциите на извлекување на парите во кеш, преку Актор, досега одат по стандардно утврдена шема. Се реализираат преку Стопанска банка А.Д. Скопје, филијала Неготино. Ги подигнуваат физички лица, државјани на Република Грција кои помеѓу 1-ви и 10-ти секој месец наменски влегуваат во земјава, а кои воопшто не се ангажирани на изградба на овој автопат.

Доаѓаат со автобус, во банката во Неготино ги подигнуваат парите, во евра, ги предаваат парите во просториите на банката на едно лице, а потоа со автобусот заминуваат за Грција, изјави вчера Петре Шилегов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.