НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бајден ветува хуманитарна помош за Газа и воена помош од 735 милиони долари за Израел

0
By НОВА ТВ on May 21, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот претседател Џо Бајден вети хуманитарна помош и реконструкција на уништените објекти во Газа, поздравувајќи го договорот за прекин на огнот меѓу Израел и палестински Хамас по 11-дневни борби.

Бајден, кој се појави на прес-конференција во Белата куќа непосредно по објавувањето на примирјето, исто така вети дека ќе го зајакне израелскиот систем за воздушна одбрана „Железна купола“, и покрај забелешките на демократите за потенцијална продажба на оружје на Израел во вредност од 735 милиони американски долари.

Бајден рече дека САД ќе соработуваат со Обединетите нации и другите големи меѓународни играчи за да обезбедат брза хуманитарна помош и обнова на уништените објекти.

Американскиот претседател истакна дека обновата ќе се изврши во партнерство со палестинската самоуправа, а не со Хамас, кој САД го сметаат за терористичка организација.

– Сакаме да направиме обнова со палестинските власти, не со Хамас, на начин кој не дозволува Хамас само да ги обнови своите залихи на арсеналот, рече Бајден.

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс изјави дека државниот секретар Ентони Блинкен ќе отпатува во регионот во наредните денови за да се состане со израелски, палестински и регионални лидери за да разговара за реконструкција и заедничка работа на изградба на „подобра иднина за Израелците и Палестинците“.

Примирјето се случи по неколку дена интензивна дипломатска активност, при што Бајден разговараше со двајца лидери меѓу кои постои тензија – шест пати со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и еднаш со египетскиот претседател Абел Фатах ал-Сиси.

Вчерашниот разговор со Ал-Сиси е прв откако Бајден ја презеде функцијата во јануари.

Египет, кој има мировен договор и дипломатски односи со Израел, исто така одржува контакти со Хамас и отсекогаш играл важна улога во смирување на ситуацијата во Појасот Газа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.