Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Австрија, Чешка и Словенија со порака од Скопје: Даваме поддршка за планот на Вархеји-Силва

0
By Biljana on May 22, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 22, 2021 15:32

Австрискиот министер за надворешни работи Александер Шаленберг денеска во Скопје изјави дека го поддржува предлогот на Португалија кој беше даден за да се одблокираат македонските евроинтеграции.

Шаленберг денска имаше средба со македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи, заедно со министрите за надворешни работи на Словенија и Чешка, Анже Логар и Јакуб Кулханек.

Шаленберг рече дека смета оти билатералните прашања не треба да го блокираат процесот на пристапување, но дека „мора да се справуваме со прашањата и затоа целосно ги поддржуваме напорите на португалското претседателство, заедно со министрите овде и во Софија“.

„Ова е сега клучно време, клучен момент ве молам разберете дека не сакам да навлегувам во детали, ова е тековен процес но навистина го поддржувам се што како предлог го стави на маса португалското претседателство“, рече Шаленберг.

Шефот на дипломатијата, Османи изрази благодарност за поддршката и континуираниот ангажман на Австрија, Словенија и Чешка за досегашниот успех на европскиот пат на Република Северна Македонија. Тој истакна дека поддршката на овие земји „е навистина цврста, конзистентна и долгорочна“.

„Ние денес не го усогласуваме нивниот став за нашите европски интеграции – тој е одамна познат. Јас денес побарав и добив силни пораки на согласност од колегите дека оваа нивна енергичност, овој напор и гласност во рамките на Унијата ќе продолжи“, вели Османи.

Посетите на министрите следуваат откако вчера во посета на Скопје беа и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и Аугусто Сантош Силва – министерот за надворешни работи на Португалија, земја која во моментов претседава со ЕУ.

Тие претходно вчера ја посетија и Софија, а претставија предлог со цел да направат пробив во бугарската позиција за блокирање на македонските европски интеграции.

Но, бугарските политичари им порачаа дека нема промени во нивните позиции за Северна Македонија. Од друга страна, официјално Скопје предлогот го оцени позитивнo.

ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

ВЕСТИ June 20, 2026

Висока иранска делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф, отпатува во Швајцарија на…

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.