НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Нон-пејперите се последица на забавување на влезот во ЕУ

0
By Biljana on May 23, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Различни нон пејпери за решавање на косовскиот проблем ме плашат бидејќи не зараснаа сите рани на Балканот. Кога ЕУ закочи со сите нас, штом ќе го забави нашиот процес на интеграција, не мислам само на Северна Македонија, туку и на Србија, Црна Гора, па дури и на БиХ и Албанија, се појавуваат некои нон пејпери, други, радикални идеи. И тие други идеи можат да завршат само со војни, на кој било друг начин“, вели во интервјуто за белградски Курир премиерот Зоран Заев, одговарајќи на прашањето за нон-пејперите, со кои се цртаат нови граници на Балканот, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој во поглед на заканите од можни војни, оцени дека се надева да никогаш повеќе нема да има војни и оти треба да се продолжи со интегративниот процес, бидејќи во тоа е иднината.

На прашањето на Курир дали е загрижен за отвореното пропагирање на „голема Албанија” во нон-пејперите, во кои се наоѓа дел од Северна Македонија, Заев вели: „Никогаш не можам да кажам „не” со сигурност, но тоа би било тешко во Северна Македонија бидејќи сме членка на НАТО и со секоја закана за нашата територија и интегритет, би се активирал членот 5 од Договорот со НАТО, кој би нè заштитил – сите за еден, еден за сите. Сепак, не можам да кажам конечно „не” затоа што дефинитивно не знаете до каде некој тоа може да го испровоцира. И затоа решението е секоја земја да влезе во ЕУ. Кога ќе ги постигнеме шенгенските услови, тогаш ќе нема граници”.

Заев додаде дека „ако нешто е ризично за српскиот народ, јасно дека тоа е ризик за сите нас, бидејќи сите сме поврзани”.

„Кога регионот е стабилен и безбеден, тогаш и Северна Македонија е безбедна и стабилна. А кога регионот е нестабилен и има проблеми, тогаш и ние сме нестабилни и имаме проблеми. За нас, сè што е прифатливо за Белград и Приштина е добро, решение кое ќе гарантира мир на Балканот, европска интеграција, безбедност и иднина на сите етнички заедници што живеат на таа територија “, истакна тој.

Заев изрази благодарност до срскиот претседател Александар Вучиќ и премерката Ана Брнабиќ за помошта со 48.240 вакцини, кои се добиени „кога никој ги немаше, дури ни за Србија, што е чин на пријателство и братство, што макадонскиот народ никогаш нема да го заборави”.

Тој најави дека граѓаните на Србија од 25 јуни до 15 август нема да плаќаат патарини кога ќе патуваат низ земјава и дека проценката е да тоа ќе изнесува 2,5 милиони евра, иако вредноста на донираните вакцини е 700.000 евра.

Околу проблемот со Бугарија и блокадата на почетокот на преговорите со ЕУ, Заев кажа дека постои решение за сè, но треба да се избере вистинскиот момент.

„Кога на Балканот има избори, тоа се тешки моменти, тешко се решаваат проблемите, а избори сега имаше во Бугарија. Се разбираме исто како и со Србија, зборуваме слични јазици и верувам дека ќе најдеме разумно решение. Ние имаме заедничка историја, цела Европа има заедничка историја, а камоли на Балканот. Од таа иста историја се создадоа народи- македонскиот, српскиот, бугарскиот, хрватскиот“, одговори Заев.

Зоран Заев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.