НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Со членството во НАТО, С.Македонија никогаш повеќе нема да биде изолирана

0
By Biljana on May 31, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Денес со задоволство може да констатираме дека токму на армискиот полигон Криволак како еден од најдобрите полигони во овој дел од светот се организира вежба во која учествуваа нашите армии заедно со армиите на нашите сојузници и пријатели од САД, Грција и Бугарија“, истакна премиерот Зоран Заев во обраќањето на Денот на високи гости на вежбата „Одлучен удар 21“.

„Горд сум на нашата Армија, на нашите офицери и војници на нивната желба за усовршување и унапредување. Тие ги исполнуваат сите обврски и очекувања на достоинствен начин и на највисоко ниво рамо до рамо со нашите сојузници не само дома, туку и со учество во меѓународните мисии со кои се гарантира мирот во светот. Со членството во НАТО не сме повеќе сами. С Македонија никогаш повеќе нема да биде ставена ниту ставена под прашалник ниту изолирана од светот. Како дел од моќното НАТО-семејство, како неизоставен дел од безбедносниот штит на најмоќниот воен сојуз во светот нашата држава стана фактор за стабилност во регионот, извозник на безбедност“, рече Заев.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска истакна дека тука сме да покажеме дека моќта на НАТО е во неговото заедништво.

„Северна Македонија веќе не е партнерот или еден од партнерите на НАТО кој се обидува својата Армија да ја доближи до сојузничките армии. Денеска сме сојузник во Алијансата со Армија која е рамноправна, сојузничка и која ја гарантира безбедноста и сигурноста на сите свои граѓани, но и заедно со другите армии на сите граѓани коишто се дел од Алијансата. Во изминатите 14 дена пешадиските и специјалните единици на армиите на С.Македонија, САД, Грција и Бугарија покажаа дека дејствуваат како едно, дека тие се моќта на НАТО, дека македонскиот војник во акција може да го довери својот живот на американскиот, на бугарскиот и грчкиот или, пак, да го брани животот на секој свој сојузнички колега додека се одвива акцијата“, рече Шекеринска.

Таа изрази надеж дека онака како што работеа нашите војници и офицери, нашите сојузнички армии така во следните недели заеднички ќе работат и нашите избрани претставници и политичари и ќе донесат одлуки коишто ќе бидат инвестиција и политичка, а не само воена во нашата заедничка безбедност и иднина.

На полигонот Криволак беа презентирани офанзивни операции и активности на пешадиските и специјалните единици од армиите на Северна Македонија, САД, Грција и Бугарија, со поддршка од хеликоптери од воздухопловниот ВИНГ и воздухоплови Ф16 од вооружените сили на Грција.

Вежбата „Одлучен удар 21“ е дел од Дефендер Јуроп кој оваа година вклучува 27 армии со 28.000 војници.

АРМ Зоран Заев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.