СЗО ги смени имињата на мутациите на коронавирусот, пишува Би-Би-Си.
Британскиот, индискиот и останатите соеви отсега ќе бидат именувани според буквите од грчкиот алфабет. Британскиот вид, на пример, е наречен Алфа, додека јужноафриканскиот стана Бета. Индискиот сега е Делта.
СЗО појаснува дека ова ќе го поедностави именувањето на новите соеви, но, исто така, сака да ја отстрани и стигматизацијата од некои имиња. На пример, на почетокот на мај индиската Влада го критикуваше именувањето на видот Б.1.617,2 според државата, откако, имено, тој стана индиски вид.
СЗО сака да избегне вирусот да биде поврзан со одредена држава, што досега беше случај.
„Ниту една земја не смее да биде жигосана затоа што детекрирала и објавила податоци за соевите“, на Твитер порача Марија Ван Керхове од СЗО.