Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Верувам дека ќе се најде решение, ако успее на 23 јуни треба да е првата меѓувладина седница

0
By Ivana on June 2, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 2, 2021 15:11

Верувам дека ќе бидеме мудири, комплетно како што стоиме сите, а посебно Владата во заштита на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, и дека ќе се изнајде конечно решение да направиме исчекор. Правиме се и навистина имаме добра основа низ португалскиот предлог да изнајдеме решение со Бугарија. Ако успее, веднаш на 23 јуни треба да ја имаме првата меѓувладина седница, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање за учество во тв дуел со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски за спорот со Бугарија, Заев по денешната посета на детска градника во населбата Аеродром, рече дека за ова прашање очекувал покана од претседателот на бугарската Влада Стефан Јанев.

– Секогаш во текот на преговорите, принципиелно ние ги соопштуваме сите детали и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го има португалскиот предлог кај него во раце. Така сум информиран. Не гледам во моментов причина зошто да седнам, но прва прилика кога тоа нема да наштети на преговарачкиот процес, веднаш и во секое време сум за дуел за било кои теми, рече Заев.

Португалското претседателство, посочи Заев, изненадувачки позитивно изработило инвентивно и креативно решение.

– Не само за нас, туку и за бугарската страна, кое што е согласно праксата на Европската унија и навистина може да биде решение. Да посветиме, овие уште 20 дена, колку што останаа до Советот на министри. Ако успее, веднаш на 23 јуни треба да ја имаме првата меѓувладина седница, изјави Заев.

Не сакам, нагласи тој, да ги поткревам очекувањата, и ја повика ЕУ, вклучително и Бугарија, да испорачаат, затоа што ни должат.

– Деновиве имам многу средби. Имам средби во Тирана, во Виена, во Истанбул, во Париз и многу дестинации. Се со конечна цел и билатерално да ги зајакнуваме односите и да ги јакнеме нашите односи со ЕУ. Се надевам дека ќе има средба и со бугарскиот премиер. Тоа е возможно да се случи во Софија. Но, отворено е дали во Скопје, Софија, Охрид или било каде да седнеме да се видиме, изјави Заев.

Подготвен сум, рече Заев, да одам во Софија и на прагматичен начин да замоли за решение.

– Да замолам за решение на прагамтични основи, знаејќи дека никој не сака да погази врз нашиот македонски јазик и македонски идентитет. Така и ќе биде, но сепак решението мора да го најдеме ние двете пријателски земји, изјави Заев.

Бугарија во 2018 година, посочи Заев, свика Европски самит за Западен Балкан и навистина, како што рече, треба да помолиме Бугарија да остане предводник на евроинтеграциите на Западен Балкан, вклучително и на Северна Македонија.

– Политиката што ја водиме во моментот со целосна почит на нашата историја како појдовна основа за гаранција на сегашноста и иднината. Тоа молиме. Европски манири. Молиме европски однос на сите наши соседи. Жалам што во моментот е техничка влада, не е политичка, да понесе одговорност и затоа, сме со резерва и не знаеме дали ќе има одлука, но треба да работиме и успееме, изјави Заев.

Компромисот, појасни тој, е дека секоја страна има право на своите ставови и да остави времето да ги решава.

– Компромисот е патна карта, каде што секој секторски ќе си земе обврска. Ние со железницата кон Бугарија, а тие кон преминот Клепало. Тоа е компромисот. Македонскиот јазик и македонски народ, ако е за преговори, не преговараме. Појасно од тоа, не знам како да кажам, нагласни Заев.

Бугарија ЕУ Заев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 13, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

ВЕСТИ June 13, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави утре ќе потпишат нов договор со…

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.