Драмата пред зградата во околина на ТЦ „Мавровка“ во која лице се закануваше дека ќе се самоубие со скок од седми спрат заврши со хепиенд по неколкучасовни преговори со полиција. Лицето на крајот беше обезбедено од полицијата по што е внесено во полициско возило.
Просторот околу зградата и влезот во паркиралиштата беше затворен за возила и минувачи за сето време на преговорите. На теренот, покрај полициски екипи, имаше и противпожарни и амбулантни возила.
Мотивите за обидот за самоубиство засега се непознати.