Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стевановиќ: Без целосно опуштање, почитувајте ги мерките

0
By Ivana on June 8, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 8, 2021 20:38

Инфективната клиника темелно се чисти и се дезинфицира целокупниот простор, но работата не е застаната, се лекуваат 25 пациенти со ковид симптоми, истакна директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ во вечерашното гостување на вестите на Сител ТВ и додаде дека не треба целосно да се опуштиме како да мислиме дека пандемијата целосно завршила.

– Не смемее да се опуштиме и да мислиме дека пандемијата завршила комплетно. Ние сме отворена земја, следуваат и годишни одмори, што значи многу поголемо движење и токму поради тоа мораме да бидеме сериозно претпазливи, пред се за своето лично здравје. Веројатно и нови соеви ќе следиме и во идина, но какви ќе бидат не можеме да предвидиме, но поради тоа мораме да бидеме комплетно подготвевени, апелираше Стевановиќ.

За новиот индиски сој на Ковид-19, директорката на Инфективната клиника рече дека според информациите кои ги добиле од нивните колеги кои први се соочиле, тој полесно се шири и има потешка клиничка слика, како и британскиот сој.

– Инфекциите се многу специфична болест, ние сме научени да работиме со нив, некогаш сме во можност да го предвидуваме нивниот ток, некогаш не сме во можност тоа да го направиме со колегите епидемиолози. Но некој конкретен заклучок навистина тешко може да се донесе. Она што е најзначајно е дека третманот, заштитата, превенцијата од вирусот и од овој сој на Ковид-19 ни се разликува.
Она што ни останува е и понатаму да бидеме исклучително посветени и професионални како здравствени работиници, а од друга страна сериозно одговорни како граѓани. Друг спас од превенирање од Ковид-19 навистина немаме, нагласи Стевановиќ.

Во однос на нејзините прогнози за состојбата со Ковид-19 во претстојниот период, директорката на Инфективната клиника рече дека посакува мирно лето, но оти е потребна голема претпазливост.

– Јас посакувам мирно лето, но навистина морам да бидам многу предострожна и навистина да не се надевам повеќе од она што објективно треба. Не смееме да внесуваме паника и немир кај граѓаните, но одговорноста мора да постои кај секој еден од нас. Тоа е она што е единствено практично, а од големо значење за развојот на епидемиолошката слика со Ковид-19 во државата, заклучи Стевановиќ

Корона мерки Милена Стевановиќ опуштање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 13, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

ВЕСТИ June 13, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави утре ќе потпишат нов договор со…

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.