Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средното училиште „Браќа Миладиновци“ денеска го отвора својот мини ЗОО парк

0
By Sashko on June 10, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: printscreen/youtube/
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 10, 2021 09:08

Мини зоолшката градина – ЗОО Парк и систем за аквапоника во средното земјоделско-ветеринарно училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје денеска ќе биде отворена за посетители. Во ЗОО Паркот има триесетина домашни и други видови на животни: лами, носести мечиња, пони коњчиња, елени, срни, како и многу птици. За животните од ЗОО Паркот се грижат учениците кои на овој начин изведуваат практична настава.

– Неодамна на натпревар во организација на ФИТР и УНИЦЕФ, во конкуренција од триесетина училишта во државава, ние го освоивме првото место, токму со проектот за отворање на ЗОО Паркот за посетители од Скопје и целата држава. Во нашиот парк креирана е и забавна и едукативна содржина за сите посетители. Ние сме единствено училиште во земјава кое има сопствена зоолошка градина, која сега ќе стане достапна за посетители, соопшти СУГС „Браќа Миладиновци“.

Од училиштето посочуваат дека секоја година се соочуваат со намален број ученици и информираат дека Владата, со цел да ги стимулира младите, од оваа година ќе доделува стипендии на средношколците од земјоделско-ветеринарната струка.

Фото: printscreen/youtube

Во рамките на повикот за Млади истражувачи 2, училиштето доби финансиска поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој за проектот „Аквапоника – клуч за иднината“, при што изгради систем за аквапоника и отпочна со одгледување риби и растенија во симбиоза.

– Настанот кој симболично го закажавме на последниот ден од учебната година, треба да помогне за свртување на вниманието на младите дека може да се учи и во природа и преку пракса да се стекнуваат знаења со кои имаат загарантирана иднина, наведуваат од ова средно скопско училиште.

ЗОО парк Отворање Скопје СУГС „Браќа Миладиновци“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

ВЕСТИ August 1, 2026

Илинден или Ден на Св. Илија – голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот…

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.