НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Макрон: Вашата земја заслужува да ги почне преговорите без одложување

0
By Biljana on June 10, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Силна поддршка за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија изрази францускиот претседател Емануел Макрон на средбата со македонскиот државен врв.

„Вашата земја заслужува да ги почне преговорите со ЕУ без одложување. Време е да се конкретизира ова одлука и ние ќе работиме да се најде решение за почеток на преговорите“, истакна Макрон на заедничката прес конференција со премиерот Зоран Заев.

Премиерот Заев се заблагодари за силната поддршка од Франција и посочи дека претстојниот Самит во јуни е можност да се дојде до решение кое ќе ја отргне блокадата од патот на Северна Македонија кон Унијата.

„Денешната средба ги збогатува нашите билатерални врски во годината кога одбележуваме 28 години од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Северна Македонија и Франција. За нас е многу важно што Франција го поддржува процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ, со јасно поставени стандарди и без да се губи време. Пред нас е Самитот на Европскиот совет во јуни, кој е вистинска можност за чекор наред и за решение кое ќе ја оттргне блокадата на нашиот европски пат“, рече премиерот Зоран Заев.

Премиерот Зоран Заев заедно со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва се во Париз на работна средба со претседателот на Франција Емануел Макрон.

Со посетата се одбележуваат 28 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји, а во рамки на посетата двете делегации имаа работна вечера во Елисејската палата.

Емануел Макрон Зоран Заев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.