Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Aтлетска трка во Скопје, во недела неколку улици и булевари ќе бидат затворени

0
By Ivana on June 11, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 11, 2021 12:10

Традиционалната трка HalkEco Скопје Трча 10КМ оваа година ќе се одржи на 13ти јуни, во недела, со почеток од 7:30 часот. Стартот и целта на овогодинешната десет километарска трка ќе бидат на улицата Илинденска, пред фонтаната Лотос. Оваа брза улична трка повторно ќе ги исполни скопските улици со спортски и позитивен дух.

Стартните пакети учесниците ќе може да ги подигнат во петок и сабота, на 11 и 12 јуни, во период од 12:00 до 19:00 часот, во кугланата на СРЦ „Борис Трајковски“. Натпреварувачите, пред стартот на трката ќе бидат поделени во пет стартни боксови, согласно одбраното време за трчање и ќе трчаат еден круг.

Ќе се трча од стартот на булевар Илинден, во правец кон Карпош 4, па лево од улицата Никола Парапунов до булеварот Партизански одреди, каде што ќе се врти десно во правец кон Ѓорче Петров, а кај мостот Влајко ќе се врти полукружно на раскрсницата со Ангел Динев, потоа ќе се трча по булеварот Партизански одреди до раскрсницата со улица Љубљанска, каде ќе се врти полукружно и ќе се трча до раскрсницата со улица Никола Парапунов, по што ќе се трча до самиот крај на улицата и ќе се врти десно на булеварот Илинден, по кој ќе се трча до целта, кај фонтаната Лотос.

Организаторите на HalkEco Скопје Трча 10КМ трката известуваат дека во недела во период од 7:00 до 10:00 часот, на скопските улици ќе има привремен режим на сообраќај и промена на режимот на работа на линиите на Јавниот градски превоз. Дел од улиците ќе бидат целосно затворени за сообраќај, а некои делумно.

Улици кои ќе бидат целосно затворени за сообраќај се следниве:

Булеварот Илинден во двете насоки, од раскрсницата со булеварот Климент Охридски до раскрсницата со улицата Никола Парапунов, булеварот Партизански одреди во правец кон Ѓорче Петров, од раскрсницата со улицата Љубљанска до раскрсницата со улицата Ангел Динев, како и улицата Никола Парапунов, од раскрсницата со булеварот Илинден до раскрсницата со Партизански одреди.

Сообраќајот ќе биде делумно затворен на следните улици:

Булеварот 8ми Септември, од раскрсницата со булевар Партизански одреди до раскрсницата со улицата Скупи, улицата Бледски договор, а сите улици кои се вкрстуваат со булевар Илинден ќе бидат затворени за влез кон булеварот.

Трката ќе биде комплетно организирана според безбедносни протоколи и препораки утврдени од Владата и Комисијата за заразни болести, со цел заштита на учесниците и организаторите. Деталите за протоколите и препораките на трката се објаснети на следниот линк.

Скопје спорт трка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.