НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест против кирилицата во Вуковар

0
By Нова ТВ on February 2, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повеќе од 20.000 луѓе се собраа на протестот против воведување на кирилица во Вуковар, јавуваат хрватските медиуми.

Во организација на Столб на одбраната на хрватскиот Вуковар, во центарот на градот во сабота се одржува протест под мотото „За хрватски Вуковар – не за кирилицата”, против воведување двојазичност во овој хрватски град.

Поддршка на вуковарци им дадоа и шибенчани кои се собраа покрај морето на помал собир.

Покрај вуковарци, на денешниот собир има многу граѓани од сите краишта на Хрватска, со поддршка на Столбот во кој членуваат многу воени ветерани, воени инвалиди, заробеници на српски логори, деца на загинати и исчезнати хрватски бранители, офицери на војската и полицијата, воени заповедници од татковинската војна на Хрватска кои денеска живеат во Вуковар, пренесува макфакс.

Собирот почна симболично во 12.05 часот, се интонираше хрватската химна и беше оддадена почит на загинатите со едноминутно молчење.

Од Владата на Хрватска меѓу другото се бара Вуковар да се изземе од Уставниот закон за правата на малцинствата или на воведување двојазичност во тој град да се стави мораториум од 50 години.

Посебно е обезбеден конзулатот на Србија сместен токму во овој хрватски град.

Можност за воведување кирилица во Вуковар се јави откако на пописот од 2011 година се покажа дека таму живеат 33 отсто Срби, а според Уставниот закон за правата на малцинствата, припадниците на тоа малцинство имаат право на рамноправна употреба на својот јазик.

Некои членови на хрватската Влада, вклучително и премиерот Зоран Милановиќ во неколку наврати потврдија дека во Вуковар ќе биде испочитуван законот на што се противат здруженијата на бранители

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.