Денес за прв пат по 2 септември 2020 не бележиме ниту еден починат од Ковид. Вирусот е далеку од победен, но оваа мала победа ни влева надеж дека сме се поблиску до ставање крај на агонијата.
Сепак, мерките мора да продолжиме да ги почитуваме, а еднствен начин да го намалиме бројот на жртви е масовно да се вакцинираме. Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 3.068 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 3, Тетово – 2, Велес, Кичево и Охрид- по 1.
Регистрирани се 9 оздравени пациенти од: Скопје – 3, Куманово, Тетово, Велес, Гостивар, Свети Николе и Ресен – по 1. Нема пријавено починато лице. Досега во земјата се направени вкупно 834.099 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.536, бројката на оздравени пациенти е 149.628, на починати е 5.471, а бројот на активни случаи изнесува 437.