Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Врање досега вакцинирани над 4500 Македонци

0
By Biljana on June 14, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 14, 2021 14:13

Масовната вакцинација на македонските државјани продолжи и викендов во Србија, каде нашите државјани бесплатно се вакцинираат без пријавување само со потребните лични документи, јави дописникот на МИА од Белград.

Најголем број се упатуваат на вакцинација во Врање, каде на избор им се вакцините на „Фајзер“ и „Синофарм“.

Според извештајот на Здравствениот дом во Врање, во саботата, на 12 јуни бројот на вакцинирани граѓани на Северна Македонија е 581, а во неделата имунизиран е 391 Македонец.

„Досега 4502 македонци се вакцинирани во Врање“, изјави лекарот Д-р Слаѓан Младеновиќ од Здравствениот дом, кој додаде дека граѓаните на Македонија кои ја примиле првата доза во Ниш, Белград или некој друг град, нема да можат да се ревакцинираат во Врање, туку во градот каде што ја примиле првата доза.

„Во салата има масовна вакцинација на Македонци и наши луѓе. Доаѓаат дури и млади луѓе на возраст од 18 или 19 години. Тие сериозно ја сфатија вакцинацијата. Многу е важно младите да бидат вакцинирани и со цел да се прекине ланецот на пренесување на вирусот. Драго ми е што Македонците ја разбраа важноста на вакцината, тие доаѓаат масовно без да закажат состанок. Тие се трпеливи. Го зголемивме бројот на тимови за вакцини колку што можевме. Дадовме се од себе. Ова е прва доза, а допрва ќе има и ревакцинации“, изјави директорката на Здравствениот дом, д-р Марина Ѓикиќ.

Според „Јужни вести“, македонските граѓани во помал број доаѓаат и во Ниш и Сурдулица, каде во салата „Чаир“ од 8 до 20 часот дневно се вакцинираат околу 100 македонски граѓани, со вакцините на „Фајзер“ и „Синофарм“.

Од Здравствениот центар во Ниш наведуваат дека поголема гужва се очекува од 18 до 21 јуни, кога е терминот за повторна вакцинација на 5700 македонските граѓани кои во март во Србија ја примија „Астра Зенека“, кога вакцинирањето беше организирано преку Регионалната стопанска комора.

вакцинација Врање ковид вакцина Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.