Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи се обрати на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2021“ во Братислава

0
By Ivana on June 16, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 16, 2021 13:43

Министерот за надворешни работи денеска се обрати на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2021“ во Братислава, на тема „Геополитичката Европа на крстопат: Западниот Балкан во Ера на Пост-Ковид-19 “.

Осврнувајќи се на регионалните и геополитички последици доколку се изгуби посветеноста на Европската унија кон земјите од Западен Балкан, Османи потенцираше дека иднината на регионот е во ЕУ, што истовремено е географски и геополитички факт. Земјите се наоѓаат во фаза на засилена меѓусебна економска соработка која неминовно ќе доведе до прием во заедничкиот европски пазар. „Тоа е суштината на европската интеграција. Надворешната и безбедносната политика на ЕУ ќе биде предмет на натамошен развој, но фактот што сите ние на Европскиот континент, во најголема мерка се определивме за евро-атлантските либерални вредности, доволно зборува дека иднината е предвидлива, сите да бидеме дел од заеднички сојуз, во одбрана од заедничките закани“, истакна Османи.

Во овој контекст, министерот Османи истакна дека за пристапниот процес на земјите од регионот, реформите се клучни, особено “фундаментите“, а она што е подеднакво важно на патот кон членство во ЕУ е помирувањето во регионот, нешто за кое земјите мора да продолжат активно да работат. „Северна Македонија со Охридкиот Договор, Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија е модел кој треба да се следи во оваа насока“, нагласи Османи.

Прашан дали постои начин ЕУ да покаже дека новата методологија е долгорочна операција што може да ја потикне проевропската приентација на земјите од ЗБ, Османи посочи декадоколку ни се дозволи да преговараме многумина пријатно ќе бидат изненадени од нашата посветеност, но и од нашиот стручен капацитет. „Јас сум оптимист, и покрај мачнината создадена кај нашите трпеливи граѓани по однос на евро-интеграциите, заради билатералните пречки, набрзо ќе докажеме дека нашите граѓани без разлика на која заедница припаѓаат поседуваат квалитети да се натпреваруваат со своите врсници во ЕУ. Нашите млади ќе не надминат и ќе докажат дека неоправдано премногу долго не спречуваа да се развиваме, еквивалентно на поранешните земји кои веќе се членки“, истакна Османи.

Министерот Османи на овие теми дебатираше заедно со министрите за надворешни работи на Хрватска и Словенија, Радман и Логар, придружени од специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

На конференцијата ќе учествуваат шефови на држави и влади, министри за надворешни работи, парламентарни делегации, претставници од бизнис заедницата, како и бројни претставници на влијателни меѓународни невладини и тинк-тенк организации од Европа и светот.

братислава обраќање Османи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.