НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Омега 3 масната киселина „ги убива“ карциномите

0
By Biljana on June 19, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Омега 3 масната киселина или позната како рибино масло делува како птров врз клетките на туморот. До вакво исклучително откритие дошле научниците од Универзитетот Луван во Белгија анализирајќи ја поврзаноста помеѓу добрите месни киселини во човечкиот организам и клетките на ракот. Долгогодишната студија покажала дека познатата Омега 3 масна киселина која главно се среќава кај рибите, може да ги уништи клетките на туморот за само неколку дена. За да ја поткрепат оваа теорија, тимот научници и биоинженери прикажале тумор во 3Д варијанта кој буквално се распаѓа за неколку дена благодарение на дејството на познатиот омега 3 (ДХА), објави „Флорида нуз тајмс“.

Таканаречените „добри масни киселини“ се неопходни за здравјето на луѓето. Најголем бенефит меѓу нив имаат Омега 3 масните киселини, ДХА или докозахексаеноична киселина, кои се важни во регулирањето на функцијата на мозокот, острината на видот и воспалителните процеси. Покрај овие придобивки, ДХА е поврзана и со намалена инциденца на карцином.

Главното откритие на интердисциплинарениот тим на истражувачи од Универзитетот Луван само ги разјасни биохемиските механизми со кои ДХА и другите сродни масни киселини го одложуваат развојот на туморските клетки. Ова истражување неодамна било објавено во познатото списание „Метаболизам на клетките“.

Во 2016 година, тимот на Оливие Ферон, од Универзитетот Лувен, специјалист по  онкологија, открил дека клетките во киселата микросредина (ацидоза) во рамките на туморот ја заменуваат глукозата со липиди како извор на енергија за размножување. Професорот Ферон, во соработка со Сирил Корбет од Католичкиот универзитет во Лувен во 2020 година, покажа дека истите овие клетки се најагресивни и се стекнуваат со можност да го напуштат оригиналниот тумор и да создаваат метастази.

Тимот откри дека клетките на туморот ја апсорбираат масната киселина, а резултатите кои ги добиле после неколку недели биле импресивни и неверојатни.

„Брзо откривме дека одредени масни киселини ги стимулираат туморските клетки, а други масни киселини ги убиваат“, објаснуваат истражувачите. Според нивното откритие, ДХА, омега 3 масната киселина буквално ги труе.

ДХА масната киселина, делува како отров на туморските клетки преку феноменот наречен фероптоза, еден вид клеточна смрт поврзана со пероксидација на одредени масни киселини. Колку е поголема количината на незаситени масни киселини во клетката, толку е поголем ризикот од оксидација.

„Овие масни киселини се чуваат во липидни капки, еден вид пакет во кој масните киселини се заштитени од оксидација. Сепак, во присуство на големи количини на ДХА, туморските клетки се пренатрупани, не можат да складираат ДХА и оксидираат, што доведува до смрт на клетките“, се вели во студијата на Универзитетот Лувен.

Во нивната студија, истражувачите на Универзитетот Лувен, користеле систем за култура на туморски клетки во 3Д, наречен сфероиди. Во присуство на ДХА, сфероидите прво растат, а потоа се распаѓаат. Тимот, исто така, спроведе студија, преку диета богата со Омега 3 масна киселина кај глувци кои имале тумри, што разултирало со значително побавен развој на туморот во споредба со оние глувци кои биле подложени на конвенционални диети.

Ова истражување од своја страна отвора нови можности за комбиниран третман на пациентите со малигни заболувања.

Оваа студија на тимот истражувачи од Лувен го потенцира бенефитот на ДХА во борбата против ракот. Научниците кои работеле на студијата препорачуваат сите возрасните лица да земаат по најмалку 250 мг ДХА на ден, наместо вообичеаните 50 до 100 мг кои луѓето ги земаат преку конвенционалните диети и суплементи.

Биљана Божиновска

 

канцер Омега 3
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.