Францускиот претседател Франсоа Оланд стигна во малискиот град Тимбукту, каде го дочекаа француските и малиските војници кои неодамна од овој историски град под заштита на УНЕСКО ги протераа вооружените исламистички групи, јави AFP.
Францускиот претседател Франсоа Оланд во придружба на малискиот претседател Дионкунде Траоре ја посетија историската џамија во којашто се чуваат драгоцените древни ракописи, до кои некои беа спалени од исламистите во изминатиот период, додека градот беше во рацете на исламистите.
Во Тимбукту, околу 900 километри североисточно од малиската престолнина Бамако, воведени се извонредно строги безбедносни мерки, француските војници се распоредени на секои 100 метри, оклопните возила патролираат низ улиците а камионетите се натоварени со малиски војници.
„Ние, жените од Тимбукту бескрајно сме му благодарни на Франсоа Оланд и сакаме да му порачаме дека го урна дрвото, но дека треба да ги искорне и корените”, изјавила 53-годишната Фанта Диара Туре, поранешна рецепционерка облечена во традиционална носија и прекриена со француското знаме, која ја цитира AFP.
Претседателот Оланд допатува во Мали во придружба на тројца свои министри, шефот на дипломатијата Лорен Фабиус, за одбрана Жан-Ив Дриан и за развој Паскал Канфен.