Патот на Северна Македонија кон ЕУ минува низ Софија, рече професорот Кирил Топалов, член на Мешовитата македонско – бугарска комисија за историски прашања, во гостување на бугарската ТВ, БТВ.
Коментирајќи ја неодамнешната посета на Спфија од страна на македонскиот дрважен врв, Топалов рече дека целта на посетата на Заев била била да се стави Бугарија во неможност да се одбие она што го сака Република Северна Македонија.
„Тие не преземаaт чекори за да се приближат до Бугарија и сè уште не сфатија дека патот кон ЕУ минува низ Софија. Целата историска наука во Македонија се заснова на лаги и фалсификат. Во Бугарија има многу луѓе кои ја прекоруваат нашата историска комисија дека не си ја работи својата работа. Како да ја завршите својата работа со луѓе кои намерно ги искривуваат историските факти“, вели Топалов.