НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Ниту оваа, ниту која било влада има право да преговара за македонскиот јазик и македонскиот идентитет

0
By Ivana on June 24, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не ни треба Европска унија, ако некој сака да преговараме за македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Затоа што ќе бидеме обезличени. Нема кој да влезе во ЕУ, затоа што мнозинството народ во државата се Македонци. Ниту оваа, ниту пак која било влада има право да разговара за македонскиот јазик и македонски идентитет, нагласи премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање на Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ, зошто нема почеток на преговори со ЕУ, кога тој тврдел дека Преспанскиот договор ни гарантира членство, и побара од претседателот на Владата да го прочита предлогот со кој тој заминал во Софија.

– Истите вие кои велите дека отиде Заев во Софија да направи ново предавство, истите вие велите зошто не испорачавте членство во ЕУ. Кои се всушност вашите ставови? Да го штитиме македонскиот идентитет или по која било цена да направиме договор со Бугарија за да можеме да станеме членка на ЕУ, праша Заев, кој ги нарече опозиционерите квази-патриоти.

Тој објасни дека со Бугарија се разговара за патоказ, што е предлогот во португалското решение на проблемот. Заев појасни дека во патоказот се наведени сите области за соработка, како на пример изградба на инфраструктура, отворање гранични премини, подобра соработка меѓу институциите.

– Вториот дел, во кој се осврнуваме во патоказот е интензитетот на состанување на историско образовната комисија, без да се прецизира за тоа што Комисијата разговара оти таму членуваат експерти. На едно место каде што се спомнува македонскиот јазик, стои дека се работи за два слични, но различни и меѓународно признаени јазици, подвлече Заев.

Тој рече дека не се започнати преговорите со ЕУ, поради внатрешната состојба во Бугарија, која нема политичка влада и нема конститутиран Парламент. Заев верува дека во периодот што следи, ќе продолжат разговорите со Бугарија.

Мизрахи рече дека не е задоволна од одговорите на Заев и оти дали Бугарија има или нема парламент, не е наша работа, туку нивна. Таа рече дека Бугарија има Декларација во која се исцртани бугарските црвени линии.

– Ајде ние да ги исцртаме нашите црвени линии, да имаме Декларација, нагласи Мизрахи.

Мизрахи критикуваше дека по 30 години независност поради Заев и политиките на власта, граѓаните треба да шепотат во сопствената земја дека се Македонци.

– Ја искрвавевте и земјава и луѓево во компромиси за датуми во стилот на „не оваа среда ама наредниот петок“ и еве сте денес тука, во законодавниот дом и јас немам зборови и не знам зашто сте вие тука? Лоша била ЕУ. Па каде не носевте преку крвави компромиси цели четири години? Во лошата ЕУ? Да ве потсетам дека не донесовте во агонија на државно обезличување со тоа ветување. Престанете да го навредувате и народот. Престанете да ја навредувате Македонија, вели Мизрахи.

Таа критикуваше дека на Заев се некој друг му е крив, до завчера тоа било ВМРО, а од вчера ВМРО и ЕУ, па државата ја претворил во северна творба, и го навредил и понижил народот за денес да шири ЕУ-скептицизам. Мизрахи во неколку наврати нагласи дека со потпишување на Преспанскиот договор, Заев ветил членство во ЕУ.

Влада идентитет преговарање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.