„Помеѓу“ е насловот на новиот краток филм на македонскиот автор Владимир Митревски – Ѓуле.
Филмот ќе биде премиерно прикажан во среда на 6 февруари во 20 часот во Кинотеката на Македонија.
Митревски минатата година го привлече вниманието на јавноста со неговиот филм „ Reddakh“, во кој за првпат беше претставен светот на македонската гејминг заедница.
Во очекување на премиерата на последното остварување на Митревски, погледнете краток инсерт од „Помеѓу“: