Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Премиери и претседатели од регионот, Европа и од САД следната недела во Охрид и Отешево

0
By НОВА ТВ Balaban on June 26, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 26, 2021 16:05

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на денешниот брифинг со новинарите информираше за претстојната меѓународна конференција под наслов „Западен Балкан: Делот што недостасува за Европа да биде целосна“, во рамките на Преспа Форумот за дијалог, која ќе се одржи на 1 – 2 јули, во Охрид и Отешево.

„Наредната недела, во Охрид и Отешево ќе се одржи најголемата меѓународна конференција која државава ја има организирано. Во основата на Преспа Форумот за дијалог се наоѓаат три столба – Тоа се Охридскиот рамковен договор, Договорот за пријателството со Бугарија, како и Договорот од Преспа. Овие договори создаваат една нова, алтернативна слика не само за нас, туку и за регионот. На овие договори почива современиот политички и општествен наратив на земјава, кој, пак преставува одличен автентичен модел за успешна имплементација на современите вредности како што е соживотот, еднаквоста, слободата, солидарноста, инклузивноста и демократијата, овде на Балканот“, истакна Османи.

Министерот информираше дека Конференцијата е во организација на Министерството за надворешни работи, а под покровителство на Премиерот и Владата на Република Северна Македонија. Притоа, нагласи дека ова е далеку најголемиот настан што државата го организирала, кој преставува предизвик од секаков аспект: од организационо технички, протоколарен, па се до политички предизвик, да се биде домаќин на највисоки гости од регионот, од Европа, па дури и од САД. На листата на гости се наоѓаат скоро поголемиот број од премиерите во регионот, министри за надворешни работи, дел од министрите за економија, за финансии, има претставници и на Европската Унија, претставници на бројни мултилатерални организации, на регионалните иницијативи, претставници на земји – членки на унијата, претставници на САД и се очекува навистина содржајна размена на мислења, размена на идеи, како и плодни заклучоци кои ќе остават печат не само на земјава туку и на целиот регион.

За време на брифингот, Османи, исто така, посочи дека во пресрет на стартот на конференцијата, на 30 јуни, ќе се одржи неформален состанок Б6, или Балкан 6, во кој министрите за надворешни работи на земјите од Западниот Балкан, ќе одржиме таканаречена, средба без вратоврски.

„Мојата интенција е овој неформален формат, слично како и на другите европски формати како што се В4, или Ц5, да стане редовна активност на министрите од регионот, каде ќе можеме неформално да разменуваме мислења, информации и да предлагаме идеи за сите предизвици, можности во рамките на меѓусебната соработка“, заклучи Османи.

Бујар Османи конференција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.