Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За чешкиот претседател Земан трансродовите лица се „одвратни“

0
By НОВА ТВ Balaban on June 27, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 27, 2021 23:01

Чешкиот претседател, Милош Земан, изјави дека трансродовите луѓе му биле „одвратни“, коментирајќи го унгарскиот закон со кој се забранува ЛГБТ-материјалот во училиштата.

– Ако се подложите на операција за промена на полот, во основа вршите кривично дело „самоповредување“, изјавил Земан, пренесуваат европските медиуми.

„Секоја операција е ризик и овие трансродови луѓе ми се одвратни“, нагласил тој.

„Виктор Орбан рече дека не е против хомосексуалците, но дека е против манипулацијата со родителите и децата во врска со сексуалното образование, затоа, не гледам причина да не се согласувам со него, затоа што ме нервираат феминистките, движењето „И јас“ и „Прашката парада на гордоста“, објаснува Земан.

На самитот на ЕУ минатата недела, холандскиот премиер, Марк Руте, му кажа на унгарскиот премиер, Виктор Орбан, да ги почитува правата на ЛГБТ или да го напушти европскиот блок. Повеќе од половина од 27-те земји-членки на ЕУ се спротивставија на законот, но Чешка сè уште не го стори тоа.

Земан рече дека „пресудата е мешање во внатрешните работи на земјата“.

Во меѓувреме, унгарскиот министер за надворешни работи оцени дека либералната струја иницираше глобален напад на лажни вести врз Унгарија во врска со неодамна донесениот закон.

„Сè што кажуваат е лага, сè што ќе кажат нема никаква врска со законот што го усвоивме во интерес на заштитата на децата“, рече Петер Сијарто.

Законот, додаде Сијарто, вели дека децата мора да бидат заштитени од педофили, од една страна, и дека образованието на децата во врска со сексуалната ориентација е ексклузивно право на родителите, од друга страна.

луѓе Милош Земан претседател трансродови Чешки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.