Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Финални подготовки: На 13 јули почнува постапката за чистење на линданот во ОХИС

0
By Sashko on June 28, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 28, 2021 16:16

На 13 јули и официјално ќе започне постапката за подготовка на теренот за чистење на малата депонија со линдан во ОХИС, информираа денеска на брифинг во Министерството за животна средина и просторно планирање. Дислоцирањето треба да заврши за период од 12 месеци, за што веќе се обезбедени 8,4 милиони евра, заеднички средства од Глобалниот фонд за животна средина, Норвешка, Делегацијата на ЕУ и Владата.

Од МЖСП, брифираат дека во тек е постапка и за обезбедување на заем од 50 милиони евра за изработка на базична инфраструктура за изградба на регионални депонии за отпад. За таа цел, веќе е изработена студија за влијанието врз животната средина и дека до 2022 година се очекува да се започне со изградба на инфраструктурата за регионални депонии во Полог, Јужниот и Северозападниот регион.

Во оваа фаза ќе се гради само инфраструктура за самите депонии, како и набавка на камиони за собирање на отпадот, додека во втората фаза според планот, се предвидува и обезбедување на услови за преработка и селекција на отпадот.

За средствата од најавената еколошка такса, од МЖСП велат дека ќе бидат наменети за инвестирање во обновливи извори на енергија во ЕСМ, како и мотивирање на граѓаните за користење почист транспорт преку субвенции за хибридни, плаг-ин и целосно електрични возила. Неофицијално се размислува за субвенционирање од 3.000 до 4.000 евра за набавка на вакви нови возила, со цена до 22.000 евра. Паралелно со ова, би можело да се се забрани и увоз на возила под Евро 5 стандард.

Проблемот со ниското ниво на водата на Преспанското Езеро ќе се разговара на високо ниво во рамки на првата Преспа трилатерална средба, што треба да се одржи оналјн меѓу министрите за животна средина од Северна Македонија, од Албанија, од Грција и претставник од ЕУ. Идејата, како што информираа на брифингот, е да се изработи акциски план за заедничко менаџирање на Преспанското Езеро. Сето ова е во рамки на Договорот за Преспа парк од 2010 година.

За надминување на проблемот со УНЕСКО за Охридското Езеро, од МЖСП брифираат дека се работи на привремена заштита на Студенчишко блато, репрогласување на Охридско Езеро за споменик на природата, како и дека се бараат средства за изградба на канализација во Радожда и чистење на Сатеска Река.

Од МЖСП посочуваат дека во Собранието се наоѓаат вкупно 16 закони, кои се предложени од ова Министерство, од кои едниот е во собраниска процедура веќе цели 18 месеци. Законот за прогласување на Шар Планина за Национален парк, во таа насока, од МЖСП, брифираат дека се очекува во Собранието да биде изгласан во текот на оваа недела.

Линдан Македонија Мала депонија Охис чистење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.