Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Опасно излегувањето од студено на жешко – десетмина скопјани се онесвестиле денеска

0
By НОВА ТВ Balaban on July 1, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 1, 2021 15:39

Зголемен е бројот на скопјани кои колабирале на јавни места – само денеска до 14 часот имавме повици за интервенција за дури седум – осум колапси, а има и повеќе повици од лица со епилептични напади, предупредуваат од Службата за итна медицинска помош во Скопје.

И денеска продолжува топлиот бран во целата земја, со температури кои ќе се зголемат и до 40 степени Целзиусови. Лекарите апелираат граѓаните многу да внимаваат на своето здравје на овие горештини.

– Многу онесвестувања на граѓани имаше денеска на јавни места, дури 7-8 колапси, иако уште од изутрина дававме изјава на телевизија токму за тоа. Имаше повици до нашите екипи за колапси во ГТЦ, еден колабираше пред општината во Бутел,  но се онесвестува граѓани и пред Градска болница, односно пред кулата кај Зелено пазарче и на уште неколку места во Скопје. И покрај сите апели, граѓаните, за жал,  не водат сметка за здравјето и излегуваат и шетаат надвор во најтоплиот дел од денот – од 10 до 18 часот! Мора многу да се внимава – не смее температурната разлика да е поголема од седум до девет степени од просторијата каде некој престојува пред да излезе надвор. А не, како што многумина практикуваат – климата пуштена на 17 степени, а излегуваат надвор на плус 40 и повеќе степени! – вели д-р Ѓорѓи Карамановски, Службата за итна медицинска помош шеф на смена во скопската Итна помош.

Тој објаснува како влијае промената на температурите на организмот.

– Крвните садови на такви варијации во температурата страдаат, бидејќи при нивното нагло ширење и собирање, освен колапс, може да настане мозочен удар или срцев инфаркт но и да се случат напади на падавица (епилепсија). Затоа е многу опасно кога од разладена просторија излегуваме веднаш надвор или обратно. За среќа, до денеска до 14 часот  немавме повик за  интервенција за срцев или мозочен удар, предупредува д-р Карамановски.

Еве токму денеска има пример за температурен шок што се случил во гратчето Радовиќи, во Црна Гора. Родителите се вратиле од  престојот на плажа со децата и откако ги внеле во претходно добро климатизирана просторија, на едно од децата му се слошило, па завршиле во Службата за итна медицинска помош, каде лекарите успеале да го стабилизираат детето коешто се онесвестило од наглата промена во температурите.

Од УХМР, каде и денеска излегоа со актуелно предупредување за високи температури, прогнозираат сончево и многу топло време,  со мала, локална облачност.

– Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен правец. Попладне, особено во источните делови, ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе биде од 32 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. И во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала облачност и со умерен до засилен ветер од западен правец, најавуваат од УХМР.

Љубица Балабан

 

Ѓорѓи Карамановски јавни места колабирале крвни садови скопјани Служба за итна медицинска помош
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.