Анџелина Џоли и Бред Пит најверојатно ќе посвојат дете од Кина, пишуваат локалните медиуми. Оваа холивудска двојка веќе почна да го учи мандаринскиот јазик.
Џоли и Пит на часовите по мандарински јазик ги носат и нивните деца како и Џон Војта, таткото на Ангелина, кој заедно со родителите би требало да се грижи за детето од Кина, пишува „Сан“.
Љубовта на Пит кон овој дел на светот трае уште од филмот „Седум години на Тибет“, кој го снимаше во 1997 година.
Според пишуањето на весниците, Анџелина станала опседната со Кина и нивната култура. Меѓутоа, според тврдењето на нивните блиски пријатели, тие се уште размислуваат за овој чекор. Веќе неколку години се шпекулира дека сакаат и седмо дете во семејството, затоа што бројот седум му е среќниот број на Бред Пит.
Освен трите биолошки деца, Пит и Џоли посвоија деца од Камбоџа, Етиопија и Виетнам.