Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стоев: Говорот на омраза мора да исчезне во билатералните односи со С. Македонија

0
By Sashko on July 2, 2021 ВЕСТИ
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 2, 2021 19:40

Говорот на омраза мора да исчезне во нашите билатерални односи во Република Северна Македонија, изјави министерот за надворешни работи Светлан Стоев во рамки на виртуелната дискусија за приоритетите на словенечкото претседателство, организирана од ПанЕвропа Бугарија во партнерство со фондацијата „Конрад Аденауер“, Дипломатскиот институт и Европската комисија во Бугарија.

Стоев потсети на изјавата на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и посочи дека „не можеме да сакаме да бидеме во едно семејство и да продолжиме да го користиме тој вулгарен јазик во јавноста, и од политичките сили“.

– И најлошото нешто е што тие се во младинското движење, истакна тој, пренесува БТА.

Засега, дополни, нема официјална реакција од македонска страна, посочи министерот. Како да најдеме решение во блиска иднина, кога ова е реалност.

Од првиот момент кога ја презеде функцијата министер за надворешни работи, нагласи Стоев, „објавив дека сме отворени за дијалог, но дијалогот мора да биде конструктивен, добронамерен и заснован на доверба, во моментов нема доверба кога разговараме еден со друг.

– Довербата е загубена и затоа што голем број политичари од Република Северна Македонија избраа да ги посетуваат главните градови на земјите-членки на ЕУ, наместо да доаѓаат во Бугарија и да разговараат со своите партнери тука, посочи тој. Како што се испостави, овој притисок што тие се обидоа да и го наметнат на Бугарија преку нашите партнери во ЕУ, не доведе до резултати, коментира Стоев.

Крајно време е, нагласи, да се разбере дека најдиректен начин за решавање на ова прашање е билатералниот дијалог. Бугарија не сака да внесе уште едно билатерално прашање во рамките на ЕУ. И бидејќи се слуша дека ова е егоистичен национален мал интерес на Бугарија, можам да ви кажам дека нема мали национални интереси, националните интереси се едно и не се поделени на мали и големи, тие се национални, рече министерот.

Стоев во говорот истакна и дека привремената Влада е во ситуација да се усогласи со декларацијата на Националното собрание и владината рамка одобрена од Парламентот на последната редовна влада. И овие црвени линии, дефинирани од апсолутното мнозинство на политичките сили во Парламентот, се почетна точка за нашата конзистентна политика и во моментот кон Република Северна Македонија, коментира тој.

Бугарија Македонија министер односи Светлан Стоев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

ВЕСТИ April 18, 2026

 Родителите бараа одговори кој кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се…

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.