НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворено писмо од Центарот за културно наследство

0
By on February 5, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поразително и тажно е чувството на секој граѓанин кога се соочува со уништување на врвни вредности од културното наследство. Измешани чувства на тага, сочувство, но и гнев се појавуваат поради негрижата која доведе до уништување на манастирските конаци во Трескавец, интегрирано културно и природно наследство кое се уште не е ниту доволно проучено, ниту адекватно валоризирано и категоризирано, а последователно и конзервирано. Вчера додека гореа конаците во Трескавец, во медиумите се појави веста дека општина Центар 24/7 ќе ги обезбедува спомениците од проектот „Скопје 2014“! Каков апсурд!

Само што ја демонтиравме изложбата посветена на состојбата на културното наследство и ја артикулиравме нашата загриженост дека некои од врвните вредности трајно ги губиме, пожарот ги уништи конаците во Трескавец. Ова е втор пожар во мандатот на актуелната министерка за култура во која горат конаците на два врвни манастирски комплекси – прво Бигорски, сега Трескавец.

Пред неколку недели изгореа муралите на Борко Лазески во поштата, но изгореа и две беговски куќи во Велес, беше урната џамијата во Струга, но и куќата на Гани Граждани во Дебар… Некои случаи поминаа молкум без никаков коментар ниту посебна загриженост од страна на Министерството за култура.

Случајот со манастирот Трескавец, по кој знае кој пат го отвори клучното прашање за грижата кон културното наследство, особено за она со врвни вредности кои секогаш се истакнуваат кога ќе се случи ваква катастрофа, но ги нема во годишните програми на Министерството за култура. Ги нема ниту во Националната стратегија за заштита и користење на културното наследство која е во надлежност на Националниот совет за културно наследство (член 49).

Ги нема, затоа што ваква стратегија не е донесена. Ги нема ниту во групата на ревалоризирани и категоризирани објекти со утврден заштитен режим (член28). Ги нема ниту во категоријата „културно наследство во опасност“ (член 32) иако според сите параметри припаѓаат токму таму. Но затоа ги има на листата на Wold Monument Wath. На оваа листа се впишани три исклучително значајни споменици на културата кои чекаат средства од донатори и тоа Трескавец со манастирските конаци и црквата (2006), „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид (2008) и Стоби (2012).

За поздравување се напорите на вработените од надлежните институции кои го направија овој потфат, но за прекор е надлежното Министерство за култура кое не обезбеди средства барем за нивна иницијална конзервација. За прекор е затоа што ставката заштита на културно наследство ја злоупотребува за изградба на објекти од проектот „Скопје 2014“ и (ре)креирање на културното наследство.

Додека гради нови споменици кои оваа влада ги смета за „свои“ и како такви ги „чува“ 24/7, врвните вредности ги остава на милосрдноста на странски донатори – Перивлепта, Шарена џамија, Арханѓели во Кучевиште се конзервираат и реконструираат со грант од американската амбасада, за Нагоричино се чекаат средства од Европската комисија, Мустафа Пашина џамија се конзервира со донација од Турција…

Крајно време е надлежното Министерство за култура да почне да го почитува Законот за заштита и да ги донесе сите релевантни документи со кои најнапред правно ќе ги заштити, а потоа ќе ги реставрира нашите врвни вредности. Крајно време е да направи измена на Законот барем во делот на ревалоризација и категоризација, со донесување Листа на културно наследство од национално значење.

Крајно време е да обезбеди средства за увид во состојбата кој е прв предуслов за реално планирање. Крајно време е да ги остави институциите за заштита да „,ги проучуваат, истражуваат и со научни методи да ги обработуваат прашањата од областа на заштитата на недвижното културно наследство“, а не да ги суспендира и директно да им сугерира какви материјали да користат при реконструкција.

Тоа не е работа на министер во која било област, иако има многу такви примери кај нас. Министерот треба да обезбеди самојност во работењето на институциите и доследно спроведување на законските и подзаконските акти.

Донка Барџиева Трајковска, претседателка на Центарот за културно наследство

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.