Опозицискиот туниски политичар Чокри Белаид е убиен пред неговиот дом во главниот град, Тунис изјавија неговиот брат и официјални лица. Никој не презеде одговорност за атентатот.
Тие велат дека Белаид бил застрелан во вратот и главата. Тунис е зафатен од политичка криза додека пропаѓаат разговорите за долгоочекуваната реконструкција на владата околу вклучување на останатите партии во коалицијата предводена од страна на Енада партија.
“Мојот брат беше убиен. Јас сум очаен и депресивен”, изјави братот на Белаид, Абделмаџид Белаид, за новинската агенција АФП.
Се уште е непознато кој е одговорен за нападот на опозицискиот политичар.
Во саботата тој ги обвини “платениците” ангажирани од страна на партијата Енада за напад на средбата на Демократските патриоти.