Кога во еден филм заедно ќе се најдат Рајан Гослинг, Ева Мендес и Бредли Купер, тоа е гаранција дека публиката ќе поита во кино салите.
“The Place Beyond the Pines” е новиот филм на режисерот Derek Cianfrance, кој стана познат по филмот „Синиот Валетин“, современа љубовна драма.
И овој пат формулата за кино хит е задоволена. Рајан Гослинг е моторџија во комплицирана љубовна врска со Ева Мендес, со која има и син.
На пат да го види синот, тој се вмешува во пљачка на банка. Тука е и амбициозниот инспектор што го игра Бредли Купер, а потполн впечаток се појавува и Реј Лиота во улога на корумпиран полицаец.
Филмот во европските кина ќе се појави на 29 март.