НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одобрени се 498 специјализации и 87 супспецијализации

0
By Ivana on July 5, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Младите лекари да не стравуваат затоа што имплементирањето на политиките коишто се однесуваат на нивниот стручен напредок ги правиме заедно со нив, изјави министерот за здравство Венко Филипче. Тој истакна дека Програмата за специјалистички и супспецијалистички кадри пред две недели беше усвоена на седницата на Владата на Република Северна Македонија.
Вкупно 498 специјализации и 87 супспецијализации се одобрени и ќе бидат распишани наскоро, согласно барањата на јавно-здравствените установи. Станува збор за студенти од Медицинскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, но и од Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип.

-Минатата година само, немаше рапишано конкурс за специјализации, поради ситуацијата со Ковид-19, сите одделенија беа ковид одделенија, менторите беа зафатени со третман на ковид пациенти. Младите лекари, што е нешто што треба да се потенцира, беа вклучени во третманот на овие пациенти. Програмата за специјализации веќе помина на седница на Владата, таа е усвоена. Таа е согласно барањата на јавно-здравствените установи, колку млади лекари има за да се пратат на специјализација. Вклучени се како Медицинскиот Факултет во Скопје со најголема бројка, така и Факултетот во Штип. 498 специјализации и 87 супспецијализации после ова поминување на програмата на Владата, што значи административната постапка е завршена, веќе ќе бидат распишани. – кажа Филипче.

Министерот Филипче посочи дека Министерството за здравство е постојано отворено за слушање и решавање на проблемите на младите лекари и дека сите процеси и политики се работат заедно со нив со тоа што на неделно ниво се сослушуваат и лекарите се присутни постојано во министерството. Тој го најави и форумот на студенти кој ќе биде одличен за споделување на знаењето и перспективите. Целосно се работи на тоа младите лекари да останат во нашата земја и да сфатат дека грижата за нив е на прво место, истакна Филипче. Со последните измени во здравствените политики, специјализантите добија парични средства за дежурства и здравствено осигурување, што е инвестиција плус за младите лекари и мотив да бидат сигурни дека секоја категорија од нив е опфатена со грижа, напредок и инвестиција.

Венко Филипче одобрени специјализации
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

ВЕСТИ August 7, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговите цели за самитот САД – Русија за…

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.