Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прва жена домородка стана претседателка на Чиле

0
By НОВА ТВ Balaban on July 5, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 5, 2021 12:59

Членовите на чилеанското Уставно собрание избраа претседателка на државата, која е припадник на домородното племе Мапуче и ќе ја извршува функцијата до усвојувањето на нов устав, пренесуваат светските агенции.

Станува збор за Елиса Лонкон која освои апсолутно мнозинство во вториот круг од гласањето, односно со 96 од вкупно 155 гласови во Уставното собрание во Сантјаго. Задача на Уставното собрание е да изготви нов устав за земјата, за кој Чилеанците ќе гласаат на референдум.

„Сакам да им се заблагодарам на сите што гласаа за жена Мапуче, што ќе ја промени историјата на оваа земја“, изјави Лонкон во својот прв говор по изборот. Таа зборуваше и на јазикот мапудунгун што го користи Мапуче племето, како и на шпански.

„Ова собрание ќе го претвори Чиле во мултинационално Чиле, интеркултурно Чиле“, порача Лонкон.

Собранието е обврзано да презентира нов устав во рок од една година. Во октомври, Чилеанците со огромно мнозинство гласови на референдум гласаа за нов текст на уставот, бидејќи актуелниот датира од 1980 година, од воената диктатура на генералот Августо Пиноче, кој владееше со земјата од 1973 до 1990 година.

Критичарите обвинуваат дека актуелниот Устав ги попречува големите промени во законодавството и не гарантира скоро никакви основни социјални права. Изработка на нов устав беше едно од главните барања на илјадниците демонстранти кои излегоа на улиците против Владата кон крајот на 2019 година.

Инаку, племето Мапуче од јужниот дел на Чиле и Аргентина има долга историја и датира од 600-500 години пред нашата ера. Заедницата Мапуче претрпе големи промени по „средбата“ со Шпанците кон средината на 16 век. Сепак, Мапуче заедницата никогаш не била потполно потчинета од страна на Шпанската империја. Помеѓу 18 и 19 век тие се селат кон исток во рамнините Пампас и Патагонија. Оваа огромна нова територија им овозможи на Мапуче да контролираат значителен дел од трговијата со сол и говеда во Јужна Америка.

Помеѓу 1861 и 1883 година Република Чиле спроведе серија кампањи со кои се стави крај на независноста на Мапуче, по што илјадници Мапучи починаа од глад, болести и грабежи. Аргентина спроведе слични походи на источната страна на Андите во 1870-тите. Во големи делови на земјите населени од Мапуче, традиционалната економија пропадна принудувајќи илјадници луѓе да бараат егзистенција во големите градови и да живеат во сиромашни услови.

Од крајот на 20 век па наваму, луѓето во Мапуче се повеќе активни околу домородните права.

Мапуче претседател Чиле
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

ВЕСТИ May 14, 2026

Кинескиот претседател Ши Џинпинг го пречека американскиот претседател Доналд Трамп во Пекинг со формална воена…

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.